vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Само пет смокви дневно обезбедуваат повеќе од 20% од препорачаната дневна количина на влакна. Смоквата е и богат извор на калциум, магнезиум, витамин Б6 и калиум.
Научно докажано е дека екстрактот од смокви, нивната состојка бензалдехид придонесува за намалување на можноста за појава на тумори. Смоквите покажале одлични резултати за намалување на ризикот од рак на простатата.
Исто така, се верува дека помагаат и кај рак на дојката во периодот по престанувањето на менструацијата.
Поради стеснувањето на артериите, може да дојде до инфаркт или мозочен удар. Освен холестеролот, врз оштетувањето на срцето влијаат и зголемените триглицериди. Докажано е дека смоквите позитивно дејствуваат на нивото на холестерол во крвта. Растителните стероли, како што се стигмастерол и ланостерол, што ги содржат смоквите, се врзуваат со молекулите на холестеролот во цревата и така ја спречуваат неговата апсорпција.
Смоквите изобилуваат со омега-3 и омега-6, а тие се многу важни за здравјето на кардиоваскуларниот систем. Смоквите се добар извор на калиум, минерал што го регулира крвниот притисок.
Поради количината на шеќер што ги содржи, на дијабетичарите им се препорачува да внимаваат при нивното консумирање. Сепак, ако се користат умерено, може да доведат до намалување на потребата за инсулин кај дијабетичарите.
Редовното консумирање смокви ја спречува анемијата и го подобрува помнењето. Само четири суви смокви обезбедуваат дури четвртина од препорачаната дневна доза железо за организмот.
Направете маска од три свежи смокви и една лажица јогурт, па нанесете ја на лицето. Измасирајте се и оставете ја на кожата 15-20 минути за да исуши, па измијте ја. Истата маска можете да ја нанесете на усните за да се ослободите од испуканите усни и мртвите клетки.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како функционира апликацијата за следење на овулацијата
Апликациите за следење на овулацијата им помагаат на жените подобро да...
Зошто е важно да ги препознавате сигналите на телото?
Нашето тело постојано ни испраќа сигнали. Понекогаш тие се суптилни ка...
Односот на детето кон храната се гради уште од најрана возраст, а роди...
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...