vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
За никого не е тајна дека секое дете ја обожава баба си, дури и повеќе од мајка си. Тоа може и да ви навредува како родители, но признајте дека и вие имате слични чувства кон вашите баби. Еве 10 добри причини зошто баба е подобра од мама.
Баба готви подобро
Колку и да се вкусни на мама манџите, друго е баба да ти зготви. Дали затоа што има повеќе кулинарско искуство или пак бидејќи нејзиниот таен зачин е капка љубов, за никого не е тајна дека на баба јадењата се повкусни. А и покрај тоа баба нема ништо против да готви заедно со внуците и не и пречи кога во кујната ќе настане војна со брашно и јајца. Важно е децата да се среќни.
Баба има повеќе време за игра со внуците
Ако мама и тато вообичаено се зафатени, особено кога станува збор за игри, баба секогаш е расположена за игра. Никогаш нема да слушнете од баба:
"Сега немам време, почекај малку."
"Игри? Не ме замарај, оди играј си со сестра си! "
"Не гледаш дека сум зафатен ?!"
И потоа се прашувате зошто немате спомен од детството со вашите родители, а се сеќавате на моментите со баба и дедо.

Баба е трпелива
Родителите секогаш брзаат и секогаш трчаат по некаков распоред. Додека бабите се секогаш подготвени да почекаат уште 5 мин детето да си поигра во паркот.
Баба е добар слушател
Додека кај мама важи правилото "Сето кажано може да се искористи против вас", бабите се прекрасни слушатели и никогаш нема да го натераат детето да жали што споделило нешто.
Баба не критикува
Родителите постојано наоѓаат за што да се расправаат со децата - собата не е суредена, алиштата не се наредени, креветот е намачкан со чоколадо. Додека баба е онаа која ќе ужива и поттикнува сè што детето направило, макар и по погрешен начин.
На баба може да се потприте за се
Баба е онаа која ќе помогне во тежок момент, која ќе ги разбере проблемите на детето, која може да чува тајна.
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Тестови за овулација. Кога и како да ги направите?
Ако планирате бременост, препознавањето на плодните денови може да ви ...
Што се пореметувања на спиењето?
Спиењето е една од основните потреби на човекот и има важна улога во о...
Четирите фази на менструалниот циклус
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело, кој секој мес...
Кои се најчестите аномалии на матката?
Матката е важен орган на женскиот репродуктивен систем, во кој се разв...
Каде да побарате стручни совети пред зачнување?
Одлуката да станете родители е важен чекор, а подготовката за бременос...