vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Потребно:
Измијте ги јаболката, исечете ги на половина и извадете ги семките

Парчињата треба да бидат танки неколку милиметри

Во тенџере на оган додадете 4 чаши вода, сок од лимон и 3 лажици шеќер. Оставете ја водата да зоврие и додадете ги исечените јаболка.

Оставете ги да вријат околу две минути, додека омекнат јаболката и станат лесни за виткање.


Набрашнете ја работната површина и развлечете го лиснатото тесто како што е прикажано на сликата.

Исечете го тестото на ленти со нож.

Во сад измешајте 5 лажици смеѓ или бел шеќер, додадете цимет, кора од лимон и индиско оревче.

Мешавината од шеќер, цимет, кора од лимон и индиско оревче распоредете ја по развлеченото тесто и притиснете малку за смесата да се залепи на тестото.

Почнете да ги редите јаболката на тестото како што е прикажано на фотографијата

Почнете да ги виткате лентите од тесто како што е прикажано на серијата фотографии.



Вака би требало да изгледа ружичката пред печење.

Ставете ги во благо намастена тепсија и водете сметка за растојанието меѓу нив.

Печете околу 25 минути додека ружите не добијат златно-жолта боја.

4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да го одржувате крвниот притисок во здрави граници
Крвниот притисок е еден од важните показатели за здравјето на срцето и...
Доењето го одржува притисокот на мајката на ниско ниво
Мајките кои ги дојат своите бебиња шест месеци се повеќе заштитени од ...
Како телесната тежина влијае на плодноста?
Телесната тежина може да има значајно влијание врз плодноста и кај жен...
Брачниот живот, секако, ако е хармоничен, позитивно влијае на здравјет...
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...