Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Приватната детска градинка Амичи работи веќе осум години и успешно се рангира на високо место кога станува збор за квалитетен воспитно – образовен процес и згрижување на деца од осум месеци до шест годишна возраст. Нашата работа и стандардите по кои работиме се оценети со највисоки позитивни оценки од страна на Министерството за труд и социјална работа кои се надлежни за нашата област.
Осум години посветено и максимално се вложуваме во квалитетен ран детски развој на најмалите и со гордост можеме да кажеме дека испративме многу генерации подготвени првачиња и полни со знаења за во училишните клупи.
Од оваа година освен во Кочани, нашата градинка ја проширивме со објект во Скопје, Тафталиџе 2, во современ нов и безбеден простор кој располага со прекрасен двор. Нашите објекти располагаат со пространи и природно осветлени занимални опремени со мебел, детски реквизити и едукативни помагала по најсовремени светски стандарди. Нашата кујна е адаптирана по потребите и вкусовите на децата и секој оброк е внимателно одбран и подготвен во нашата кујна од страна на нашите готвачи, почитувајќи ја нутритивната вредност во согласност со возраста на секое дете.
Програмата која ја спроведуваме се базира на темелно истражување, набљудување и проучување на светот околу нас преку активности со кои ја поттикнуваме детската имагинација, креативност и љубопитност за стекнување нови знаења.
Програмските активности се внимателно одбрани и распоредени во соодветни термини следејќи ги капацитетите и расположението на децата во текот на денот, опфаќајќи секојдневни физички активности на отворено, активности за фин и груб моторен развој, истражувачки активности, ликовни, креативни и музички активности, активности за развој на логиката и меморијата, како и активности за развој на говорот и збогатување на вокабуларот кај децата.
Она што особено ја прави единствена нашата програма е соработката со Италијанската Амбасада преку која дечињата го изучуваат италијанскиот јазик, култура, традиција, уметност и знаменитости, со помош на низа проекти чија главна цел е да ги запознаваат децата со една поинаква култура и да се доближат до најмилозвучниот јазик на светот и неверојатните убавини и богатства на Италија.
Нашата програма во преден план го става спроведувањето на активности и игри на отворено, во нашиот простран двор кој е опремен со реквизити кои одговараат на детските потреби.
Нашата трпезарија на отворено, во која децата ги имаат своите оброци секогаш кога дозволуваат временските услови ја потврдува нашата мисија што поголем дел од времето децата да го поминуваат надвор, во двор, на трева, на сонце, опкружени со цвеќиња и дрвја.
Нашата визија е да создадеме безбедна и стимулативна средина во која ќе растат и здраво ќе се развиваат самостојни и среќни деца, деца кои ќе се почитуваат меѓусебно и ќе знаат да сонуваат, а соништата ќе се трудат да ги претворат во реалност.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Црвен кармин за свадбени прослави
Црвениот кармин отсекогаш бил симбол на самодоверба, елеганција и заво...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Идентитетот на бебето започнува со игра и збор
Чувството на сопствен идентитет не се појавува одеднаш. Тоа се гради у...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?