|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Позитивниот внатрешен дијалог - подарок за мајката и бебето

Редакција Рингераја, 30.8.2025
Бременоста е еден од најзначајните и најемотивните периоди во животот на една жена. Со себе носи големи физички, хормонални и психолошки промени, кои понекогаш можат да бидат предизвикувачки и исцрпувачки.

image
Бремена жена
/11


Во вакви моменти, клучно е не само како телото се грижи за себе, туку и како умот разговара со самиот себе. Позитивниот внатрешен дијалог, начинот на кој ги формулираме мислите и ставовите кон себеси може да има огромно влијание врз благосостојбата и за време на бременоста и во првите месеци на мајчинството.


Што е позитивен внатрешен дијалог?

Тоа е процес на свесно заменување на негативните мисли со охрабрувачки, поддржувачки и конструктивни. Наместо „не можам да издржам“, „ќе успеам, ова е само момент“. Наместо „моето тело е премногу променето“, „моето тело создава живот и тоа е неверојатно“.


Како помага за време на бременоста?

  1. Намалување на анксиозност и стравови
    Бременоста често носи неизвесност: за породувањето, за здравјето на бебето, за сопствената улога како мајка. Позитивниот внатрешен дијалог помага да се замени стравот со доверба во телото и процесот.
  2. Подобрување на телесната слика
    Промените во тежината, кожата или косата знаат да ја намалат самодовербата. Охрабрувачките мисли ја потсетуваат идната мајка дека секоја промена е знак на силата на телото.
  3. Поддршка при физичка непријатност
    Замор, гадење или болки можат да станат полесни кога жената свесно го насочува умот кон позитивното: „Ова е минливо, секој ден ме носи поблиску до моето бебе“.
  4. Подготовка за породување
    Позитивните афирмации, како „моето тело знае што прави“ или „секој здив ме приближува до моето дете“, можат да го намалат стресот и да помогнат при справување со болката.


Зошто е важен и после породувањето?

  1. Справување со постпородилните предизвици
    Недостаток на сон, замор и новата рутина лесно водат до чувство на несигурност. Позитивниот внатрешен дијалог е потсетник: „Не морам да бидам совршена, доволна сум таква каква што сум“.
  2. Превенција на постпородилна анксиозност и депресија
    Иако позитивните мисли не се замена за стручна помош, тие можат да бидат силна поддршка во одржување на емоционалната рамнотежа.
  3. Подобра врска со бебето
    Мајка која е пољубезна кон себе, полесно гради топол и стабилен однос со своето дете. Внатрешниот мир се пренесува и врз најмалиот член на семејството.
  4. Поддршка при прифаќање на новата улога
    Мајчинството е трансформација која бара прилагодување. Позитивниот дијалог може да помогне при справување со чувството на вина или споредување со други мајки.


Практични начини за негување на позитивен внатрешен дијалог

  • Афирмации. Напишете неколку реченици и повторувајте ги секој ден „Силна сум“, „Моето тело е мудро“, „Јас сум добра мајка“.
  • Дневник на благодарност. Секоја вечер запишувајте 3 нешта за кои сте благодарни секоја вечер.
  • Препознавање и менување на негативните мисли. Наместо „Не можам“ кажете „Ќе пробам, ќе најдам начин“.
  • Визуелизација. Замислувајте го породувањето или деновите со бебето на позитивен и смирен начин.
  • Поддршка од блиските. Споделувајте ги вашите мисли со партнерот или пријателите кои ве охрабруваат.


Позитивниот внатрешен дијалог е повеќе од психолошки трик. Тој е вистинска емоционална и ментална поддршка која може да направи огромна разлика во начинот на кој жената ги доживува бременоста и мајчинството. Тој не значи игнорирање на проблемите, туку избор на перспектива што гради сила, смиреност и љубов кон себе и кон бебето.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Промени во телото низ трите триместри, од ...
Бременоста е сложен процес во кој целото тело се приспособува за да создаде и одгледа нов живот. Некои промени се очекув...
10
Брзо препознавање на првите знаци на бреме...
Првите денови од бременоста често минуваат незабележано, бидејќи симптомите можат да бидат благи и лесно да се помешаат ...
4
Симптоми на имплантација
Имплантацијата е еден од најсуптилните и најважни моменти во почетокот на бременоста. Тоа е процесот кога оплодената јај...
3
Првите симптоми на бременост, што е нормал...
Првите знаци на бременост се резултат на нагли хормонални промени во телото и можат значително да варираат од жена до же...
3




Анкета

/
Jana9

Kolku kafinja na den piete?

1 (17%)

2 (0%)

3 (83%)

4 (0%)

5 (0%)

6 i poveke (0%)


Број на сите гласови: 6

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!