|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Постои ли најуспешна диета?

www.zazdravje.com.mk, 24.3.2012
Колку пати досега сте пребарувале на интернет по различни диети? Колку пати сте се запрашале која диета е најдобра и најефикасна? Дали досега најдовте таква?

image
/11


 

 

 

Под успешна диета се подразбира правилен начин на исхрана, конзумирање на секаква храна во умерени количини повеќе пати на ден. Треба да знаете дека ниту една диета во која ви се забрануваат одредени намирници во исхраната неможе да се вброи во добра и квалитетна.

Секој продукт, секое овошје, млечен или месен производ е приказна самиот за себе. Ова значи дека секој продукт во себе содржи уникатни состојки кои можат да му бидат од непроценлива вредност за нашиот организам доколку се внесуваат умерено.

 


Што тогаш се подразбира под успешна диета?



Успешна диета е онаа диета која не ја забранува употребата на разни намирници, туку ги комбинира и количински правилно ги распоредува за исхрана во текот на денот. Значи секоја успешна диета во себе вклучува овошје и зеленчук, месо, млеко, житни и други производи. Секоја диета која се базира исклучиво на одредена група продукти, а останатите ги забранува е штетна.

Важно е да разберете дека за да изгубите килограми, најважно е да внесете што помалку калории во текот на денот, но оние што ќе ги внесете да имаат мешовито потекло, односно да бидат од различна храна. Само така ќе се заштитиме од некои штетни последици по здравјето кои не се ретки при применувањето на разни диети.

Немојте ни случајно да помислите дека еден обемен оброк дневно е доволен за да обезбедите калории за целиот ден а притоа да ослебнете. Многу луѓе го прават ова, но најчесто добиваат контра ефект.

Како и да е, колку и да внимавате колку и што јадете, доколку физички не сте активни успешноста на диетата ќе биде слаба. Затоа потенцираме, за успешно и здраво слабеење неопходна е контрола на внесените калории во текот на денот, конзумација на разновидна храна и како што повеќе пати рековме редовна физичка активност.

 

 

zazdravje

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Близнаци родени со 24 денови разлика
Линдалва Да Силва (35) во февруари оваа година на свет донесе момче по име Александар. Неговиот брат близнак тогаш не би...
4
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
3
Домашна или купечка кашичка за бебе?
Кога ќе дојде време за прихранување на бебето, многу мајки си го поставуваат прашањето, кој е вистинскиот избор - дали д...
3
Разговор со мајката на Дариа која ја побед...
Минатата недела протече прекрасна вест - Дариа го огласи ѕвончето на Детската клиника! Кон радоста која владее во нејзин...
3




Анкета

Циста.
пеперутка16

Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?