|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Пиење од пластични шишиња - опасно по здравје

www.rak.mk, 18.6.2011
Пиењето од пластичните шишиња ја зголемува изложеноста на огранизмот на штетни хемикалии.
Клучни зборови:

image
/11


 

Научниците веќе долго време се загрижени поради можните последици од бисфенолот А (BPA) врз здравјето на луѓето, а таа хемикалија секојдневно се користи во бројните пластични амбалажи на разни прехрамбени производи и на напитоци. Исто така, хемикалијата BPA се користи и во лимената амбалажа, а во некои земји таа и службено е прогласена за токсична.

Испитувањето покажало дека испитаниците кои пиеле една недела од шишиња со поликарбонат имале за 69% поголема концентрација на хемикалијата BPA во примероците на урината, во споредба со оние кои не пиеле од пластични шишиња. Научниците не откриле колку точно течност во текот на денот пиеле испитаниците.

Испитувањето било спроведено на универзитетот Харвард каде биле испитувани 77 студенти, кои претходно ја поминале фазата на испирање во која сите ладни пијалоци ги пиеле од шишиња од инокс како би ја намалиле изложеноста на BPA. Потоа им биле давани две шишиња од поликарбонат од кои, во текот на следните недела дена, морале да ги пијат сите ладни напитоци.

Истражувањето покажало дека пиењето на ладни пијалоци од шишиња од поликарбонат во тек на една недела ја зголемува присутноста на хемикалијата BPA во урината за повеќе од две третини. Ако тие шишиња и се загреваат, како што е случај со детските шишенца, тогаш нивото на BPA во урината е значително повисоко. Тоа загрижува, бидејќи кај новороденчињата влијанието на BPA на работата на жлездите е уште поизразено, тврди професорката по епидемиологија на „Harvard Medical School“, Prof.Dr. Karin B. Michels.

Претходните испитувања покажале дека високите вредности на конзумираната хемикалија - BPA се во тесна врска со вродените мани, проблемите со растот и развјот и со зголемениот ризик за срцеви заболувања и дијабет.

Канада минатата година го забранила користењето на хемикалијата BPA во поликарбонатот од кој се прават детските шишенца, а некои произведувачи и самите доброволно ја исфрлиле од употреба оваа штетна хемикалија.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да и помогнете на мама кога бебето пл...
Дали навистина знаете каква е ВИСТИНСКАТА поддршка на мајката кога нејзиното бебе плаче и има проблеми да го утеши? Пров...
6
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
5
Се роди бебе со олимписки размери!
Вистинско чудо во Калифорнија! Се роди бебе тешко 6,2 килограми. Бебето дошло на свет со царски рез
4
Babybalm- Линија на производи наменети за ...
Во производството максимално користевме состојки од природно потекло како и масла посебно развиени за нега на кожата на ...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?