Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Велигденските уживања со добра храна треба да бидат збогатени со вкусна Велигденска торта. Оваа година тоа нека биде освежителна, лесна, овошна, ладна и над сето тоа едноставно и брзо подготвена торта.
Состојки за тестото:
5 јајца
5 лажици шеќер во прав
3 лажици брашно
2 лажици чоколадо во прав
½ пакетче прашок за пециво
Состојки за кремот:
2 дл. пире од рибизли или малини (гмечиме или блендираме рибизли или малини)
6 листови желатин
1 дл. мед
½ дл. вода
15 дек. шеќер во прав
½ л. слатка павлака
Ја подготвуваме смесата за тестото. Ги матиме јајцата и шеќерот. Посебно добро ги мешаме брашното, чоколадото и прашокот за пециво и полека, постепено ги додаваме на смесата од јајце и шеќер. Земаме тркалезен калап за торти и добро го премачкуваме со маргарин и го посипуваме со брашно. Подготвената смеса ја истураме во калапот, ја ставаме во загреана рерна и печеме 12 до 15 минути на температура од 180 °C. Кога тестото е испечено, го вадиме од печката и го оставаме да се излади. Во меѓувреме го подготвуваме кремот.
Листовите желатин ги потопуваме во топла вода (не многу жешка!). Во еден сад ги ставаме рибизлите, додаваме мед, вода и шеќер. Ги додаваме омекнатите листови желатин и состојките ги мешаме на умерена температура, за да се раствори желатинот и да испари алкохолот. Го оставаме на страна, малку да се излади. Ја матиме слатката павлака и ја ставаме во претходно подготвената смеса за крем. Добиваме убава розева смеса за крем со која го премачкуваме испеченото тесто. Ја ставаме во фрижидер најмалку 6 часа или по можност во текот на целата ноќ, за да се зацврсти кремот. Ја вадиме тортата од калапот и ја украсуваме со шарени мрвици. Нека нашата Велигденска торта биде шарена.
Со чаша црвено вино, најдобро ќе го почувствуваме вкусот на нашата Велигденска торта.
Прочитајте уште:
Бојадисување на јајцата со природни бои
Совети за спречување на пукање на јајцата
Мобилен телефон.
пеперутка16
Дали сте застапник на купување мобилни телефони за деца на возраст од 2, 3, 4 години...?