|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Опасни методи на воспитување

Редакција Рингераја, 18.4.2012
Многу од вообичаените и општо прифатливи методи на воспитување имаат негативни последици врз развојот на децата. Да видиме кои се тие:

image
/11


 

 

Во нашето општество сеуште владее ставот дека детето нема да се развие во личност која може да се вклопи во општеството, ако не го научиме на добро однесување и не му покажеме како треба да се однесува, преку наградување и казнување. Тоа е точно, но не на начин на кој ние тоа го замислуваме. Науката сеуште не открила до крај ефективна мотивација која ќе ги поттикне природните инстикти за добро однесување кај детето. Заради недостаток на тој увид развиен е метод на посакувано однесување – од светот на возрасните. Притоа забораваме дека децата функционираат поинаку и дека тие методи имаат разoрни последици врз развојот на детето.

Заради тоа незрелоста достигна пандемски размери. Импулсивност, афект, ставови или – или, потешкотии во прифаќање на промените, неодговорност, радикализам, перфекционизам, недостаток на внатрешто чувство на сопствена вредност...Тоа се последици на недовршениот процес на созревање на детето, со кои детето ќе живее цел живот. Повеќето од овие карактеристики се резултат на вообичаените методи на воспитување кои родителите ги применуваат по инерција, не сфаќајќи која цена ја плаќаат и тие и детето.

 

Природно созревање на детето

Прашањето не би требало да биде како да се постигне саканото добро однесување кај детето и кој метод да се примени. Вистинскто прашање е како да побарате нешто од него или да му наредите нешто, а тоа да не направи пречки во неговиот развој и да не го спречи психичкото и емоционалното созревање. За жал, повеќето книги и едукативни програми го предвидуваат тој дел и ориентирани се исклучиво на методите кои доведуваат до саканото однесување на детето. Примената на тие методи има и нуспојави, исто како што сите лекови и додатоци на исхраната имаат свои несакани ефекти. Заедно со методите на воспитување, треба да се наведат и можните последици за родителите да имаат потполна информација дали ќе ги користат или не.

 

Вообичаените методи на воспитување можеме да ги поделиме на :

  1. Методи засновани на развој на аларм односно страв кај детето (закани, повишување на тонот, викање, плашење на детето со ќотек, казни, ултиматуми...)
  2. Методи засновани на страв од одвојување (time-out кој подразбира одвојување на детето, изолација или праќање во друга просторија, повлекување на љубовта како казна, молчење и игнорирање, засрамување, секаков вид на екскомуникација со детето, реченици од типот “Нема да живееш со нас ако се однесуваш така”.
  3. Методи засновани на последици, на пр. казнување за непосакувано однесување, дисциплински мерки за однесување кое не им се допаѓа на родителите, скратување на она за што е детето емоционално поврзано, или укинување на задоволствата кои му се важни. Овде треба да се прави разлика меѓу опасните по живот ситуации и воспитните мерки: ако детето си игра со опасни предмети мораме да му ги одземеме, а ако му ја одземене омилената играчка затоа што лошо се однесува, та веќе е воспитна мерка.
  4. Физичко казнување

 

Проблемот се јавува кога со нашата претерана реакција ќе го пробиеме прагот на поднесување на стравот (тоа се случува многу лесно кај сензибилните деца, кои денес ги има се' повеќе), па детето да се преплаши. Мозокот на тоа реагира со отапување на алармниот центар во мозокот. Таквото дете станува многу тешко за воспитување и насочување.

Често сме сведоци на родители кои викаат: “Сто пати сум ти рекол/ла да...”. Тоа е јасен показател дека детето повеќе не е рецептивно за таков пристап. Алармниот центар во мозокот најдобро работи кога говориме мирно и со модулација во гласот ќе постигнеме детето да не сфати озбилно. Проблемот е во нашиот инстикт да го повишиме тонот. Решение за проблематичната ситуација не е во менување, казнување и дисциплинирање на детето, туку во избрзаната реакција на родителите.

Ако викнеме на детето и видиме дека тоа го скаменило своето лице, гледа со стаклени очи и не реагира на нашите барања, обично сме поттикнати да викнеме уште погласно за да го натераме да не слуша и послуша. Тоа е она што НЕ треба да го правиме бидејќи детето веќе се стегнало и се одвоило од болните чувства, што забележуваме по реакциите на телото и лицето. Ако претераме, треба да застанеме и да се обидеме да ја обновиме комуникацијата и да ја вратиме довербата, а дури потоа да го решаваме настанатиот инцидент.

 

 

Барате решение?

Ненасилно воспитување на децата

 

bimilk-PR

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Приказната за Јана - 3 Дел
3. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 2 Дел
2. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 1 дел
1. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Правилник за родители за учество во проектот
Во проектот Прегратка на Дар се поканети да се вклучат и Македонските семејства. Играчки веќе се изработуваат од корисни...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?