|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Mamamegi: Моето прво породилно искуство

Редакција Рингераја, 31.1.2021
Моментот кога јас се претворив во ние

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Првото породување се случи 10 дена по терминот. Три дена претходно бев во болница и единствено што ми правеа беше ЦТГ. Провокации ми уклучија претходниот ден пред да се породам, само пола шише и ми го исклучија, не знам зошто. Никакви болки не добив. Следниот ден, накај 19 часот на последното ЦТГ докторот виде дека нешто не е ок и одма ме прати на итен царски рез. Почнав да плачам, мислев дека нешто се случило, бидејќи никој ништо не ми објасни. Не знам дали беше сестра или бабица,му рече на докторот "докторе оваа не сака да оди на царски". Дојде докторот и ми објасни зошто мора царски рез. Бебето не мрдало доволно и треба да се реагира на време за да не се случи нешто. Плачев до пола породување. Ме викаа плачка.
Голема језива и ладна сала, пет-шест доктори, сестри, бабици,анестезиолог. Језива беше и анестезијата, односно големиот шприц и начинот на кој се става.
После некое време почнав да не чувствувам ништо од половината надолу. Радиото си пееше... Сестрите цело време ми правеа муабет и ме тешеа. Колку години сум била. Кое дете ми е. Колку килограми сум се поправила во бременоста. Многу убава коса сум имала...
Најубавото чувство дојде по кратко време, слушнав дека заплака и ми ја дадоа врз мене. Иако беше кратко ама беше најубавото нешто. Ја зедоа и слушнав "здраво женско бебе, 3950 грама, 52 сантиметри должина. Честито мајка да е жива и здрава".
Царскиот траеше 15 минути, болки не чувствував. И уште се чувствував некако несигурна, исплашена.
Шок соба, мислам дека е  по језива од пеколот. Стари луѓе, неколку кревети, апарати кои титкаат на пола саат.
Се сеќавам дека ми беше многу ладно и побарав кебе. Сестрата одма ме покри и ми рече не се плаши нормално е. Побарав телефон да се јавам дома и иако не смееле сестрата ми даде да се јавам, да ги известам домашните. Се јавив и секако со плачење му реков на маж ми "јас само што се породив, си имаме ќеркичка, се слушаме утре" и исклучив, без да кажам дека со царски рез сум се породила.
Пеколот во шок соба траеше до наредниот ден до пладне.
Потоа ме ставија во соба со други мајки. Почнав да си доаѓам психички при себе. После некое време ми го дадоа бебето. Веќе се чувствував сигурна и ми помина стравот.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Хормон на бременоста – hCG
Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...
4
Бледа линија на тестот за бременост
Користењето на домашен тест за бременост е многу едноставно. Две линии значат дека сте бремена, една дека не сте. Но што...
4
10 здрави ужинки за бремени жени
Бременоста доаѓа со силни апетити, но тоа не значи дека треба да посегнеш по преработени грицки. Овие 10 здрави ужинки ќ...
3
Во живо од клиниката за абортуси!
BBC наскоро ќе емитува двочасовна радио емисија во живо од клиниката за абортуси. Во емисијата слушателите ќе можат да с...
3




Анкета

izbor na ime
dona

nekolku predlozi za mojata princeza

stefani (30%)

tamara (19%)

irina (19%)

melanija (32%)


Број на сите гласови: 47

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!