Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
"Никогаш порано не сум бил заинтересиран за бебиња. Дали тоа значи дека ќе бидам лоша мајка? "
Чувствата кои ги имала жената кон бебињата пред да стане мајка не се предзнак за тоа каква мајка ќе биде. Не е неопходно една жена да биде тип која сака бебиња, за да биде добра мајка.
Раѓањето на бебето е сосема ново искуство во животот, нов бран на чувства и емоции кои никогаш порано не сте ги доживеале и за кои нема како да се подготвите. Ова е дел од процесот на станување родител.
Девојките на 20+ години, особено во денешно време, сакаат да се забавуваат, да го поминуваат слободното време со пријателите, да се вљубуваат, да се концентрираат на својата кариера и воопшто не се гледаат во улогата на мајка. Се додека, се разбира, ова не се случи.
Тоа сепак не значи дека кога бебето ќе се појави, тие нема да се чувствуваат апсолутно удобно во улогата на мајка. Додека жената нема свое дете, таа навистина не може да знае како е да се биде мајка. Но, штом бебето ќе се појави, се појавува и мајчинскиот инстинкт.
"Што ако јас едноставно не го чувствувам тоа?"
Фактот дека жената се грижи за тоа каква мајка ќе биде, покажува дека е загрижена за нејзиното бебе. Ова е одличен почеток. Наместо да се грижите дали одговарате на ова или она барање за родителство што експертите го наметнуваат, фокусирајте се на тоа да го запознаете бебето подобро и да изградите ваш однос.
Голем процент од новите мајки, се плашат дека нема да ги оправдаат очекувањата и нема да се доволно добри мајки, бидејќи родителството не се случува толку природно како што се очекуваше.
Вистината е дека колку повеќе време поминувате со вашето бебе, толку поудобно ќе се чувствувате како мајка. Ова е вештина која девојките, пред раѓањето, обично ја немаат, но ја совладаат со појавувањето на бебето.
Ако постојано се чувствувате тажно, вознемирено или луто и ако мислите дека може да му наштетите на вашето бебе, веднаш побарајте помош. Не чекајте малку подолго. Вашиот лекар ќе ве упати на специјалист кој ќе ви помогне да го решите овој проблем и да се справите со оваа пречка на патот кон мајчинството.
4
3
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Како расте бебето од 14тата до 27мата недела?
Второто тромесечје од бременоста, кое ги опфаќа 14тата до 27мата геста...
Кои хормони се најважни за забременување?
Забременувањето е сложен процес во кој учествуваат повеќе хормони. ...
Дневната соба е едно од најважните места во домот. Тоа е просторот кад...
Либидо и планирање бременост. Што треба да знаете?
Либидото, односно сексуалната желба, е важен дел од интимниот живот, н...
Кога е најдобро време за патување во бременоста?
Патувањето во бременоста не мора да значи откажување од одморите и пла...