Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Еве кои се намирниците што не се препорачуваат во првата година:
СОЛ
Солта може да ги оштети бубрезите на доенчето.
ШЕЌЕР
Шеќерот може веднаш да предизвика кариес на нежните нови запчиња.
МЕД
Не само што медот содржи шеќер, туку може да содржи и спори од Clostridium Botulinum, сосема е безопасно за возрасните, но кај бебињата може да предизвика опасна болест – ботулизам.
БЕЛКИ И МЕКО ВАРЕНИ ЈАЈЦА
Често се појавуваат некакви знаци на сензибилитет на јајца, имено белките можат да предизвикаат алергиска реакција, па затоа повеќето педијатри препорачуваат јајцата подоцна да се вклучат во исхраната.
СВЕЖО СИРЕЊЕ И КРАВЈО МЛЕКО
Кравјото млеко содржи голема количина на белковини и минерали кои предизвикуваат зголемено осмотско оптоварување на бубрезите. Тоа има премалку од неопходните масни киселини и премалку железо, кое слабо се апсорбира во дигестивниот систем, а може да предизвика оштетување на слузницата на дигестивниот систем и слабокрвност, поради големата концентрација на лактоза може да предизвика интолеранција кон истата.
МОРСКИ ПЛОДОВИ
Иако вашето бебе сигурно нема да јаде јастог за вечера, сепак треба да имате на ум дека морските плодови често предизвикуваат алергиска реакција ако прерано се вклучат во исхраната.
ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ
Јаткастите плодови, како и производите кои ги содржат (смоки итн.). можат исто така да предизвикаат алергиска реакција.
ЈАГОДИ
Јагодите се киселкасти и тоа ги прави тешки за малите бебешки стомачиња, а воедно и од сите шумски плодови се најчести причинители на алергиска реакција.
10
4
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Како физичката активност влијае врз плодноста?
Редовното движење е важно за општото здравје, но дали може да ви помог...
Направете украсни свеќи со калапи за колачи
Дали знаевте дека калапите што ги користите за подготовка на колачи мо...
Дали прекумерната тежина го отежнува забременувањето?
Доколку планирате бременост, можеби се прашувате дали телесната тежина...
Напитоци за порамен стомак. Што може да помогне?
Подуеноста и задржувањето течности понекогаш прават стомакот да изглед...
Навики на позитивните и смирените луѓе
Дали познавате луѓе кои и во стресни ситуации успеваат да останат приб...