|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Кога настинката никако не поминува...

Редакција Рингераја, 31.3.2014
Дали некогаш ви се случило неколку денови откако ќе ви се повлечат симптомите на настинка, повторно да почнете да чувствувате малаксаност, да кивате и да кашлате?
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Тоа е првенствено бидејќи настинката трае подолго отколку што мислат луѓето – до две недели, а кашлицата и подолго.

Исто така, постои можност да сте добиле и некоја секундарна инфекција, како бактериски синуситис.  Но, кај некои пациенти се случува повторно да настинат, благодарение на некој друг вирус.

“Кога некој ви се жали дека настинката не сака да помине, обично станува збор за некоја нова инфекција”, објаснува Дерилин Мојер, специјалист од универзитетската клиника Темпл.

“Во секој момент, постојат барем 5 риновируси во вашиот нос, од кои не мора да се разболите”, објаснува Ен Палменберг, истражувач во институтот за молекуларна вирологија на универзитетот Висконсин Медисон.

Риновирусот е најчест предизвикувач на настинка, од кој постојат околу 150 видови.

За да се инфицирате потребно е т.н. ICAM рецептори во носот да бидат отворени. Значи, дури и ако вирусите постојано се тука, ќе се разболите  кога вашето тело ќе ги прифати.

Различните фактори како стресот, недостатокот на сон и вкупната состојба на организмот, влијаат на тоа дали ќе се инфицирате.

Некогаш, наизглед бескрајната настинка е знак за многу сериозно заболување. Можеби станува збор за синусна инфекција, бронхитис или воспаление на белите дробови. Исто така, симптомите на настинка, често се мешаат со сезонските алергии.

Необично сувата кашлица, која трае долго после настинката, обично е последица на хиперактивноста на бронхиите или воспаление на трахеите, објаснуваат лекарите.

“Откако ќе помине инфекцијата на респираторниот систем, можете да влезете во некој транзитен облик на астма во кој вашите бронхии се многу реактивни, иритирани и воспалени”, објаснува Дерилин Мојер, специјалист од универзитетската клиника Темпл.

 

Што можете да направите за да ја спречите, или барем да ја скратите настинката?

Многумина земаат ехинацеа, цинк, или голема количина на витамин Ц, но лекарите кажуваат дека не може со сигурност да се тврди дека било кој од овие лекови помага. Некои истражувања укажуваат дека вежбањето и физичката активност во природа  ја спречуваат настинката.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да знаеме дали бебето е гладно?
Ви носиме листа на едноставни сигнали кои можат да ни помогнат да дознаеме дали бебето е премалку односно премногу нахра...
4
Го жртвувала својот, за спас на животот на...
Една млада италијанска жена направи голема жртва кога го одложи своето лекување на агресивна форма на рак, за да го зашт...
4
Како да најдете педијатар за вашето бебе?
Изборот на педијатар е една од најважните одлуки што ќе ја донесете како нов родител.
3
Мерење температура кај новороденчиња
Кога имате новороденче, секоја промена во неговото однесување може да предизвика загриженост.
3




Анкета

koe ime e najubavo
smizlamkd

POMOS DA ODBEREME IME :)

ALEKSEJ (21%)

DAVID (35%)

DAVOR (13%)

JOVAN (31%)


Број на сите гласови: 175

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!