Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Желбата на секоја жена е витката линија. Така се чувствува одлично, а самодовербата е на високо ниво и се е полесно и поубаво. Но стресот, брзото секојдневие дефинитивно не помагаат во тоа, и влијаат на правилната и хармонизирана исхрана. Строгите диети се најголемите непријатели на жените.
Решението не е во нејадење, туку во изборот на безбедни и здрави производи, кои го зајакнуваат имунитетот и ја подобруваат целокупната физичка и психичка состојба. А млечните производи се дефинитивно тоа.
Еден од наједноставните начини за да го снабдите организмот со потребните хранливи состојки во текот на денот е да испиете 2-3 чаши млеко или јогурт, кои даваат енергија, освежуваат и може да се комбинираат со разни производи. Најдобро е денот да се почне со чаша јогурт, а да се заврши со топло млеко кое ќе ве опушти, смири желудникот и ќе го олесни сонот.
Јогуртот е неверојатен производ. Ако за некој производ може да се каже дека претставува вистинско освежување во периодот на летото, а притоа има бројни нутриционистички вредности, тогаш дефинитивно тоа е јогуртот. Ги отстранува вишокот масти од организмот, со што придонесува и кон намалување на телесната тежина, сон на секоја жена. Истовремено е ефикасен лек и за лошиот здив и се попопуларниот млечен напиток кој ја подобрува оралната хигиена и го намалува кариесот. Поради нивните мултифункционали карактеристики, докторите особено препорачуваат пробиотички јогурт кој го подобрува општото ниво на имунитетот, ја зголемува отпорноста на слузницата на цревата, и ги уништува бактериите и габите, кои најчесто се јавуваат во летниот период и предизвикуваат најразлични заболувања. Таков производ е Баланс+ јогуртот од Млекара, ферментиран млечен производ, комбинација од пробиотик и инулин, состојки чие позитивно дејство врз организмот е повеќекратно потврдено од лекарите и бројни научни истражувања.
Млечните производи се повеќе од неопходни во секојдневната исхрана кај сите возрасти за добро варење на храната, здрави коски и заби, подобрување на имунолошкиот систем и подобрување на здравјето воопшто, а се и одличен извор на енергија.
Секако дека не треба да се изостави од исхраната и млекото. Со цел одржување витка линија се препорачува БиМилк млеко со 1,5% млечна маст кое содржи комбинација на пет витамини кои го подобруваат метаболизмот, додека витамините А и Е како антиоксиданси го забавуваат и процесот на стареење. Станува збор за Битолско трајно млеко добиено од најквалитетно млеко, од специјално избрани фарми, стерилизирано и делумно обезмастено. Може да се конзумира во комбинација со многу различни продукти како што се житарици, утринско кафе или пак како додаток на овошниот милк шејк.
Совет:Не заборавајте да проверите дали во фрижидерот имате доволна количина на БиМилк млеко и јогурт.
2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто диетите не функционираат долгорочно?
Многу луѓе се обидуваат со различни диети за да изгубат тежина, но гол...
Препорачани вежби во вода за трудници
Вежбањето во вода е одличен избор за време на бременоста. ...
Дали е можна бременост по вазектомија?
Многу парови се прашуваат дали бременост е можно по процедурата познат...
Еднодневно мени за трудници богато со магнезиум
За време на бременоста, правилната исхрана е особено важна. ...
Први протеински намирници во дохраната: како и кога?
Воведувањето на протеините во исхраната на бебето е важен чекор во нег...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?