|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Како да консумираме помалку шеќер?

Редакција Рингераја, 12.6.2017
Шеќерот го подобрува вкусот на речиси сe. Проблемот е дека колку повеќе јадете шеќер, толку повеќе Ви се јаде...

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Прекумерниот внес на шеќер се поврзува со прекумерна тежина, срцеви заболувања, дијабетес, рак, Алцхајмерова болест и др. Ако сакате да го намалите внесот на рафиниран шеќер, без тоа да се претвори во мачна казна, обидете се да го направите тоа постепено и да најдете повеќе здрави замени на некои од храната и пијалоците на кои сте навикнати.

 

Со што да ги замениме пијалаците кои содржат висока количина на шеќер?

Добро е наместо газирани пијалаци и овошни сокови да пиете вода во која ќе додадете лимон. Можете исто така да се обидете постепено да го намалувате шеќерот во кафето и чајот.

 

Десерт

Ако сте љубители на десерти, се препорачува да земате шеќер само преку нив, без да јадете други слатки задоволства во текот на денот. Во следните неколку недели можете да пробате да го намалите бројот на десерти. Потоа е можно да си определите денови во кои ќе јадете нешто слатко – да кажеме викенд или кога имате посебен повод.

 

Алтернатива на млечното чоколадо

Ако вашата најголема слабост е чоколадото, зошто не пробате да го замените со црна чоколада? Од една страна, тоа е корисно, а од друга страна, ќе изедете помало количество од него.

 

Навиката да држиме слатки искушенија дома

Ако имате дома бонбони или кутија сладолед, дефинитивно ќе Ви биде тешко да ја потиснете желбата за слатко. Решението е да не држите слатки искушенија дома.

 

Овошје

Можете да јадете цели плодови – тие се одлична замена на сушеното овошје и овошни сокови кои содржат големи количества шеќер, а исто така и на десертот. Со свежите плодови ќе си набавите вредни хранливи материи.

 

Алтернатива на овошен јогурт

Наместо да јадете овошен јогурт, во кој има додаден шеќер, можете да ставите свежо овошје во обичниот јогурт. Можно е да додадете и малку мед, ако имате потреба од дополнителен засладувач.

 

Скриен шеќер

Шеќерот во храната има најразлични имиња, па затоа може да биде тешко да се дознае што се крие зад етикетата на производот. Добро би било да избегнувате да купувате конзерви, подготвени сосови. Добро е храната да се приготвува дома – така сигурно ќе се заштитите од многу скриен шеќер.

 

Мали промени во рецептите за Вашите омилени колачи

Можете да го намалите количеството шеќер, наведено во рецептот за саканиот колач. Веројатно ќе треба да експериментирате, како замена за шеќерот користете овошје, така ќе постигнете совршен вкус, но во малку поздрава варијанта.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Џенифер Лопез: Тајна вежба за совршен задник
Опсесијата со задникот на Џенифер Лопез трае веќе неколку години, а сите љубители на облините се во потрага за идеалната...
3
Зошто „јадам малку а не слабеам“? Kаде е п...
Многумина се соочуваат со фрустрацијата кога го ограничуваат внесот на храна, а бројката на вагата не се менува или дури...
3
Што да јадеш навечер без грижа на совест?
Иако долго време владееше мислењето дека јадењето навечер директно води кон зголемување на телесната тежина, современите...
3
Кој тип на вежбање најмногу прилега во бре...
Бременост! Мислиме дека ова е периодот кога никој нема да ни замери што јадеме повеќе од вообичаено, некое кило плус нем...
2




Анкета

Dali?
Jana9

Dali koga gi gledate vasite deca kako si igraat se navrakate vo detstvoto?

Da (50%)

Ne (0%)

Ponekogas (50%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!