|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Итар Пејо и селаните риболовци

Детско катче, 29.8.2010
Македонски народни приказни

image
/11


Тргнале еден ден неколку селани мариовци да одат на Црна Река да ловат риби. Ловеле што ловеле, си тргнале да си одат дома. И таман на неколку чекори од реката некој привикал: -Море селани, ние ловевме риби, влегувавме во водата, но којзнае дали не се удави некој од нас. Не правиме лошо да се преброиме.

Го одобриле сите предлогот и застанале, а предлагачот почнал да брои.

-          Еден, два, три ,четири… дотерал до осум. Ами чаре? - извикал тој. Ние тргнавме девет, а се враќаме осуммина. Значи еден од нас се удавил! -kонстатирал бројачот.

Почнале сите да бројат -осум па осум . Ниеден од нив сам не се броел и си тргнале кон селото и си заплакале. Еден се удавил денеска во Црна, ама кој е и самите не знаат. Оделе што пооделе ги сретнал Итар Пејо, ги видел уплакани и ги прашал:

-          Што така сте уплакани, бре кршиборци? Овие му раскажале дека еден се удавил денеска но не знаат кој е.

Пејо ги прашал колкумина тргнале и веднаш ја разбрал работата, но решил да ги насамари за нивната глупост:

-          Лесно ќе провериме, џанам. Ајде легнете овде на песокот и забодете ги носевите во него. Колку дупки ќе направите толкумина сте живи.

Легнале селаните, ги забоделе носевите во жешкиот песок и направиле по една дупка. Кога станале почнал Пејо да ги брои - излегле девет ! Се израдувале селаните оти никој не се удавил и му дале на Пеја од рибите да му ја платат мудрата постапка оти се нема удавено ниеден од нив.

 

Адаптирал: Синадиноска Барбара

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Печурки во детското мени
Заради својот специфичен состав и интересниот вкус, печурките се многу ценет зеленчук. Во исхраната на децата најчесто с...
4
Зошто одлучив да не бидам попустлива мајка?
Пред некој ден додека пазарев во еден трговски центар заедно со мојата ќеркичка, ми се приближи една средовечна госпоѓа ...
3
14 знаци дека имате токсична свекрва
Англичаните имаат израз за свекрвите - "monster in low" ( во превод "чудовиште по закон") и тоа не е без причина
3
Како се менува мажот кога ќе стане татко?
Мажите обично созреваат покрај саканите жени. Но, тие значително се менуваат кога семејството од двајца членови ќе се пр...
3




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?