Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Елен и Лав
Еленот бил многу жеден и дошол до некој извор. Додека пиел, во водата си ја видел својата сенка и почнал да се гордее со своите рогови, гледајќи ја нивната големина и красота: а на нозете им се лутел за што се тенки и слаби. Уште еленот мислел за ова, а се појавил лавот и почнал да го гони. Еленот се пуштил да бега и додека била рамнината гола, прилично се оддалечил од лавот. Кога стасал до некое шумовито место, се случило роговите да му се сплеткаат во гранките. Така лавот му се доближил и го фатил. Кога требало да загине, си рекол во себе : “Тешко мене! Во рамното ме спасуваа нозете за кои мислев дека се слаби и тенки, а во шумата ме упропастуваат роговите во кои најмногу се надевав и се гордеев со нив.”