vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Јас, и таа, тотално не инстаграм слика, доцна во ноќта, во пижами, со растурена коса, без малку шминка и со многу желба за неколку споени часа сон. Колку што го сакам тој сон, толку и не го сакам. Со него губам мигови поминати во кои таа спие мирно додека го чувствувам нејзиниот топол здив на моите гради.
Еден часот по полноќ, повторно сум ја земала покрај себе, ама како? Како тие малечки прстиња кои се цврсто стегнати за мојата пижама да ги одвојам од себе?
Иста приказна, трет пат, со друго бебе.
Таа ме сака мене и мојата топлина, мојот мирис, а и јас нејзиниот на мајчино млеко.
Знаете што, веќе почна да јаде.
Моето мало топче почна да го истражува светот околу себе.
Додека да трепнам наполнила 3 години, па 6 и почнала во школо, 13 и пубертет, оо па дошло и полнолетство 18 веќе, веќе одлетала од нашето гнездо да направи свое.
Моето мало бебе веќе има свое мало топче кое мириса на мајчино млеко, и една мајка која додека е жива ќе и ја дава топлината како пред многу години, и ќе и дозволува цврсто да ја држи со нејзините мали прстиња кои сега се веќе прсти од возрасна и исполнета жена. Не знам зошто ме боли помислата дека еден ден нема да можам да им го чувствувам мирисот во секој миг, можеби затоа што се дел од мене, затоа што ми дозволуваат светот да го прегрнам со две раце или пак можеби затоа што ми ја разјаснуваат причината за моето постоење.
Ги сакам и нема понатаму.
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Развој на плодот во третото тромесечје
Третото тромесечје од бременоста е последната етапа од патувањето до з...
Работа, семејство и време за себе
Усогласувањето на работата и семејниот живот е еден од најголемите пре...
Зошто е важна хидратацијата за здравјето?
Водата е еден од најважните предуслови за правилно функционирање на ор...
Совети за полесен живот и подобро ментално здравје
Секојдневието често носи многу обврски, очекувања и предизвици, поради...
Како правилно да се туширате за здрава и негувана кожа?
Туширањето е важен дел од секојдневната хигиена, но начинот на кој го ...