|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Алергиски коњуктивити

Промедика, 10.9.2018
Алергиските коњуктивити се воспалителни реакции на коњуктивата на алергени. Тие се дел на поголема системска атописка реакција – односно присаство на алергиска конституција

image
/11


Алергиските коњуктивити се една од најчестите форми на коњуктивит, се смета дека околу 30 % од сите коњуктивити се алергиски. Исто така, се смета дека околу 40 % од населението имаат во текот на животот некоја од формите на алергиски коњуктивит.

 

1

 

Постојат неколку типови на алергиски коњуктивити:
1. Акутна форма како нагла реакција на некој амбиентален алерген, на пример алергија на мачка или куче. Се јавува само при контакт со алергенот и трае кратко. По престанок на контактот со алергенот исчезнуваат симптомите.

2. Сезонска форма која се појавува во одреден дел од годината, како што се алергиите на полени или Верналниот коњуктивитис (започнува во пролет и трае се до крај на лето и почеток на есен). Тие траат подолго, може да се присатни повеке месеци и се повторуваат повеке години во истиот период од годината.

3. Алергиски коњуктивити кои се активни преку целата година – како алергиите на домашна прашина или мувла, како и атопискиот коњуктивитис.

Коњуктивитите можат да се јават како изолирана форма, како комбинација со алергиски ринитис - Ринокоњуктивитис и многу поретко, во склоп на поинтензивни алергиски реакции, Астма или дерматитис.

Симптомите на алергиските конјуктивити се: 
- оток на капаците
- црвенило и оток на коњуктивата
- нагласен свраб и зголемено солзење, со или без присаство на симптоми во носот - кивање, секрет од нос и оток на носна слузница.

Во однос на деловите на окото кои се зафатени со заболувањето конјуктивитисот може да е изолирана форма, да ја зафати само коњуктивата или поретко да зафати и други делови на окото како роговицата. Втората форма на конјуктивитиси се посериозни зошто можат да направат лузни на роговицата, а со тоа да придонесат во намалување на видната острина.

Во последно време има и една посебна врста на алергиски коњуктивити, кои се јавуваат кај носители на контактни леќи, а се резултат на два фактора- механичката иритација од контактната леќа и преосетливост на некоја од компонентите на растворот за чување на контактните леќи.

Превенција и третман

Без оглед на типот на алергија, кај ситеосновна е препораката за избегнување на алергенот. Пример: кај поленските алергии – намален престој надвор, во природа, почесто миење на лицето и очите. За алергиите од прашина – зголемена хигиена во домот, отстранување на завеси, теписи, почесто пребришување на подот....

Терапијата се состои во избор на неколку типови на лекарства, кои се бираат во зависност од типот на коњуктивитис:

Локалните антихистаминици во облик на капки се прв избор, потоа стабилизатори на мастоцити, кортикостероиди – кои во последно време не се лекови на избор со оглед на нивните несакани дејства и понекогаш антихистаминици во облик на таблети ако коњуктивитот има и системска манифестација ...

Како дополна на превенцијата и терапијата може да се даваат и други терапевтски средства- на пример вештачки солзи кои ги измиваат и разблажуваат алергените од окото, ладни компреси на капаците за намалување на отоците, промена на растворот за чување на контактни леќи...

 

logopromedika

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Мирна ноќ, среќно дете
Мирниот сон започнува со смирена околина. За децата од 1 до 3 години, просторот за спиење треба да нуди сигурност, удобн...
4
Совети: Што кога ќе ви се закачи крлеж?
Крлежите станаа голема опасност во последните години, бидејќи пренесуваат лајмска болест. Сепак тоа не значи дека треба ...
4
Солзење на очи кај настинато дете?
Кога вашето малечко дете е настинато и забележувате дека му солзат очите, тоа може да ве загрижи. Но, во повеќето случаи...
4
Ортопедски проблеми кај децата
Како што поминува времето, можеби забележувате дека вашето дете не расте сосема според правилата. Кај многу деца се јаву...
3




Анкета

Da li moze
zelba

nekoj da mi kaze, vo komentar da napise , kade mozam vo Skopje da kupam stol i stolici za vo gradina po povolna cena i kolku kostaat ako nekoj znae fala

kade??? (87%)

Kade?? (13%)


Број на сите гласови: 15

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!