| 1 - 4 рецепти од 4 | Страница: | | 1 |
Посна баклава >
Сосотојки:
1кг. кори
1/2 л. кисела вода
1/2 л. масло
750 гр. шеќер
2 пецива
200 гр.кокос
200 гр.сусам
Шербет:1л.вода,1 кг. шеќер, ванила
Упатства:
1/2 л. кисела вода,1/2 л. масло,750 гр.шеќер и 2 пецива се мешаат заедно. Се отвораат корите една по една и секоја се прска со смесата од кисела вода и масло. Исто така секоја кора откако ќе се испрска се поросува со кокосот. Две кори се поросуваат со кокос а три кори со сусам и се така додека да се потрошат состојките. Се пече 45 минути на 200 степени Целзиусови. Се попарува баклавата ладна а шербетот топол. Шербетот се вари 15 мин.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Рафаело бомбици >
Сосотојки:
200 грама Бисквити
100 грама Кокосово брашно
150 грама Лешник
200 грама Маргарин
100 милилитри Млеко
400 грама Шеќер во прав
Упатства:
Сите намирници се мешаат и се прават бомбици.
Во секоја од бомбиците се става по еден лешник.
Се валкаат во кокос и се шараат со чоколаден прелив (по желба).
Брз и лесен рецепт. Мноооогу вкусен десерт, а може и да се замрзнува па да се одмрзне по потреба.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
куглоф >
Сосотојки:
4 јајца, 14 лажици шеќер, 1 чаша ладна вода, 1 чаша зејтин, 15 лажици брашно, 1 пециво, 1 ванилин шеќер и какао.
Упатства:
Се матат јајцата со 14 лажици шеќер, и ванилиниот шеќер. Откако ќе се изматат убаво се додава капка по капка 1 чаша од млеко - водда и се продолжува со матење, матејки постепено се додава 1 чаша зејтин. Се исклучува миксерто и постепено со лажица се додаваат 15 лажици брашно, пециво, се меша со лажица и се сипува тестото во подмачкан калап со путер. Од тестото се одделува малку и се додава малку какао и се сипува во преостанатото тесто, со вилушка се поминува низ тестото за да се направи шара, се пече на 220 Ц околу 30 мин. Откако ќе се испече се остава да се олади, се превртува и се поросува со правшекер.
Време потребно за подготовка: 35 минути
<< Сокриј го рецептот
Сладолед од Цедевита >
Сосотојки:
Цедевита и вода
Упатства:
Растворете Цедевита во вода, ставете го во калап за сладолед и потоа во замрзнувач... едноставно а вкусно за летните горештини.
Време потребно за подготовка: 7 минути
<< Сокриј го рецептот