Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
avtor:
Рингераја.нет Редакција
Патувањето на подолги дестинации е вистински кошмар за родителите, бидејќи е добро познато дека на децата им е тешко да седат подолго време на едно место.
Долго патување за некои родители е вистинска ноќна мора, затоа што е познато дека на децата им е многу тешко да седат подолго време на едно место. Заради нивна безбедност мораме да ги ставиме во седиште за во автомобил, што дополнително ја намалува можноста за поместување. Многу е битно седиштето за автомобил да е удобно, за да би можело детето во него са спие.
Како го планираме патувањето?
Бидете свесни дека нема потреба на одмор да ја понесете „целата куќа“. Повеќето од работите денес можеме да ги купиме било каде и било кога на пат. И перење и пеглање е овозможено во секој хотел, а храната секако е најдобро да се купува попат. Работите најдобро е да ги спакуваме во торби од тенок, мек материјал, затоа што најдобро се прилагодува на ограничениот простор во багажникот. Работи кои сакаме да ги имаме при рака (храна, јакни, дополнително одело, пелени...) ги пакуваме така да бидат на дофат на рака - на врв.
Најдобро време за долги патувања е ноќ, кога детето спие, затоа што така полесно го поднесуваат долгото возење. Тоа е всушност малку понапорно за возачот, но сеуште е полесно отколку „галама“ преку ден. На секои два часа застанете со автомобилот и протегнете се . Доколку патувате денски, земете со себе ќебе за излет и топка, за да може децата малку да си поиграат. За одмарање изберете место со лулашки и слично, како и терен со трева каде што децата ќе можат да се истрчаат.
Не заборавајте на лековите кои редовно ги земате, очила за сонце и крема за сончањае, како и стандардна „патувачка аптека“. Се советува и употреба на заштита против сонце на прозорите во автомобилот.
За детето за возењето подгответе му сендвичи и сокови, неговите најомилени (по можност тивки) играчки, а можеби и неговата (или својата) омилена музика. Во возењето, ако е некако можно, менувајте се со партнерот, затоа што така е побезбедно, а и двајцата ќе бидете поодморени. Некогаш на патот нема соодветни WC-a, затоа понесете тоалетна хартија и влажни марамици.
За децата да не би се досадувале на одмор, пробајте што повеќе да поминете време надвор и вклучете ги во разни игри. Нема никаква потреба, цело време да го поминете заедно и не смеете да имате грижа на совеста и да мислите дека заради тоа сте лоши родители. Во повеќето туристички места можете децата да ги вклучите во различни работилници и спортски активности каде што ќе запознаваат врсници, а вие ќе имате малку повеќе време за себе и своите хоби. Морате да бидете и прилагодливи, за да не дојде до лошо расположение кај детето, доколку не се одвива се по план, затоа што обично интересни работи има повеќе отколку што пишува во туристичкиот водич. Не заборавајте на фотоапаратот или камерата да можете да ги снимите своите најубави моменти, а пред се уживајте.
Неколку совети за пријатно возење:
- децата обично не се воодушевени со седење во седиштето за во автомобил, затоа покрај нив врзете ја и нивната најдрага играчка и на тој начин покажете им дека сите мораме да се врземе со појас (се разбира, врзете се и вие),
- понесете сендвичи, „грицки“ и пиење за детето да се забавува (ви советуваме на задното седиште да ставите пешкир или нешто слично за детето да може да прави што сака, а вие нема да имате проблеми со чистење),
- детето може да има посебна играчка само за автомобил (сликовница, автомобилче и слично),
- секогаш имајте на дофат на раката работи како што се марамици, пелени, вода и слично,
- за подолго возење се советува патување ноќе или рано наутро, затоа што тогаш детето ќе спие и така полесно ќе го поднесе патувањето,
- се препорачува застанување заради одмор, на секои два часа - пробајте да изберете одморалиште со лулашки и слично,
Возењето со авион може да биде многу интересно искуство за постари деца. Тоа возење всушност не се разликува многу од возењето со автомобил. Проблем е единствено подолг лет, затоа што во авионот нема доволно простор за движење. Следат неколку совети за подготовки за патување со авион:
- при купување на картите распрашајте се за седишта за бебе или мало дете- пробајте да добиете седиште кај креветчето кое обично се наоѓа на почетокот на секој дел од авионот (авионите имаат посебни креветчиња за бебиња, а освен тоа може да ве сместат во дел каде што има малку повеќе простор). Некои авио-компании имаат посебни седишта во која можете да го наместите седиштето за во автомобил,
- пробајте да изберете лет кога обично нема претерана гужва, затоа што ќе ви биде поудобно,
- внимателно подгответе ги работите кои ќе ги имате со себе, затоа што личен багаж кој можете да го внесете во авионот не смее да биде преголем,
- на аеродром дојдете порано за мирно да ги завршите сите потребни формалности,
- ако е некако можно, влезете во авионот помеѓу последните патници, затоа што така детето ќе биде помалку време во „гужва“,
- при полетување и слетување на детето понудете му шишенце, сок или мастика, затоа што така полесно ќе ја поднесе промената на воздушниот притисок,
- добро е во торбата да носите и крекери или чипс за грицкање.
Нега на бебето
Плачење и спиење
Доење и дохрана
Мајка после породување
Педијатри
Семејство
Здравје и безбедност
Исхрана на бебето
Семејно законодавство
Здравствени проблеми кај недоносените бебиња
Спречување незгоди во домот
10 Најслатки чекори
Црвено газе
Бебешки приказни
Спречување незгоди во домот
Развој на говорот
Прва помош при потешки повреди
На патување со дете
Масирање на бебиња и малку постари деца
Претходен артикал: Најчести сиптоми на бременоста
Следен артикал: Масирање на бебиња и малку постари деца
Претходен артикал: Најчести сиптоми на бременоста
Следен артикал: Масирање на бебиња и малку постари деца
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Натусана - 20 години присуство на македонскиот пазар
Оваа година се навршуваат 20 години од присуството на Натусана на маке...
НАГРАДНА ИГРА: Парови спои и Лакалут награди освои
Ајде да играме Меморија и да освоиме награди! Натусана и Рингераја орг...
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Пелени.
пеперутка16
Кога почнавте да го одвикнувате вашето бебе?