vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Малку поинаков начин на правење на пита, но многу интересен
Ставете го квасецот во топло млеко и вода и оставете го да стаса околу 2 минути. Потоа ставете сол и брашно и замесете меко тесто. Тестото поделете го на три дела. Секој дел развлечете го што потанко можете. До себе имајте брашно за посип. Кога ќе развлечете една кора ставете ја на набрашнета површина и напрскајте ја со половина од смесата на маргарин и масло. Потоа развлечете ја и другата кора, ставете ја над првата и над неа издробете го сирењето и спанаќот, претходно малку обарен. Развлечете ја и третата кора, ставете ја одозгора, преку двете кори и напрскајте ја со остатокот од маргаринот и маслото. Сега завиткајте ја питата, најпрво од лева, а потоа од десна страна. Потоа завиткајте ја и од другата страна, за да се добие нешто како коверт. Превртете ја питата со раце и ставете ја во плех покриен со хартија за печење. Питата премачкајте ја со жолчка во која сте ставиле една лажица масло, пресечете ја на парчиња и украсете ја со ким. Оставете ја пола час да скисне. За тоа време вклучете ја рерната да се загрее на 180 C. Печете додека питата не се зацрвени, отприлика околу пола час.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 80
Број на лица: 4
Kомплицираност: 4
350 мл. млеко
100 мл. вода
20 гр. свеж квасец
1 и 1/2 лажица сол
600 гр. брашно
100 гр. маргарин + 5 лажици масло за премачкување
Фил:
спанаќ, сирење
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Психичка благосостојба во бременоста
Бременоста носи многу убави очекувања, но и промени, грижи и неизвесно...
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце ...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...