|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Пилешко со лук

Автор:
Viktori

Рецепт на нашата администраторка. Драги наши, Viktori RR Ви препорачува



Подготовка

Во подлабоко тавче се пржи лукот околу 5 минути на тивкок оган во 2 лажици масло. Треба да се внимава да не потемни. Се вади од тавчето и се трга на страна. Се додаваат уште 2 лажици масло и во истото тавче се пржи месото по околу 10-на минути од едната и од другата страна. Се посолува и забиберува. Во меѓувреме се подготвува бујонот. Кога месото е зацрвенето од двете страни се додава лукот, бујонот и виното, се поклопува со капак и се остава да се динста околу половина час. На крај, се доваат 2 лажици брашно, при што треба да се внимава да не се направат грутки, се додава магдоносот, по вкус се додава сол или бибер и се остава на тивок оган уште 10-на минути. Се сервира прво месото, се прелива со сосот од лук и се декорира со свеж магдонос.

Време на подготовка од: 80
Време на подготовка до: 90
Број на лица: 4
Kомплицираност: 3

Состав

25 чешниња лук исецкани по должина
8 парчиња пилешко (батаци и карабатаци)
Околу 4 лажици маслиново масло
100 мл бело суво вино
2 лажици брашно
400 мл пилешки бујон (2 мали коцки на пола литар вода)
Магдонос (околу 1 голема лажица)
Сол
Бибер



Анкета

машки имиња
kate18

кое име повеќе ви се допаѓа

Дамјан (48%)

Давид (52%)


Број на сите гласови: 173

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!