vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Лесен и брз рецепт за подготовка, а и неверојатно вкусен. Па пробајте и вие ќе ви се допадне.
Растопете го маргаринот во тавче на оган и испржете ги шницлите, само да заруменат од двете страни. Потоа, тргнете ги на страна ставете ги во алуминиумска фолија и потоа во проѕирен огноотпорен сад. Во тавата каде се пржеа шницлите додадете ситно исечкан кромид и исечканите печурки и пржете додека да омекнат. Ако има потреба додадете околу 30мл вода. Потоа додадете го сокот од лимон и пропржете уште малку. Тргнете ја тавата од оган и додадете ја павлаката и зачините по ваш вкус. Смесата поделете на 4 еднакви делови за секоја од шницлите и со лажица внимателно нанесете врз шницлите, да се покријат. Потоа затворете ја убаво фолијата и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени и печете околу еден час. Послужете ги со салата, компирчиња, ориз или некој друг додаток по ваш избор. На здравје!
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 90
Број на лица: 4
Kомплицираност: 3
4 свински шницли
1 кромид
2 супени лажици маргарин
225 гр печурки (маринирани или свежи)
2 супени лажици сок од лимон
150 мл павлака
сол и црн пипер (по желба)
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...