Свинско суфлаки
Автор: 
Редакција Рингераја
Со интензивен мирис и вкус
Подготовка
Месото исчистете го од вишокот маснотии и жили и исечкајте го на помали коцки, околу половина сантиметар. Дрвените стапчиња за раженчиња оставете ги во ладна вода потопени 30 минути (за да не изгорат на скара). Сите горенаведени состојки за маринадата (масло, кромид, лук, лимонов сок, оцет, оригано, сол и бибер) помешајте ги во мал сад. Со оваа маринада прелијте ги парчињата свинско месо. Вака подготвени, затворете ги со капак и оставете ги во фрижидер да отстојат 2 часа. За тоа време, направете го ѕаѕики сосот. По 2 часа парчињата месо набоцкајте ги на натопените стапчиња и печете ги на скара. Печењето е околу 8-12 минути, со повремено вртење на месото од сите страни, за да добиет убава кафена боја. Кога ќе биде испечено месото, извадете го од стапчето директно на лепиња и оставете 5 минути да се одмори месото. Сервирајте со ѕаѕики и грчка салата.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 80
Број на лица: 3
Kомплицираност: 4
Состав
    120 мл маслиново масло
    1 мала главица кромид, ситно исечкана
    2 чешниња лук, ситно исечкани
    4 лажички лимонов сок
    2 лажички вински оцет
    2 лажички оригано
    1 лажичка сол
    пола лажиче бибер
    700 гр свинско месо
    стапчиња за раженчиња
    ѕаѕики
- 
забава Бремените
Автор: bobik Денес ве поканувамe да го видите убавото што веќе го имате....
Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињ...
Можеш да купиш се освен мир во душата
Во денешно време често го замислуваме богатството како врата кон сe: с...
Биди она што си, не она што се очекува
Има една работа што сите нe допира, тивко, а силно, а тоа е како да ос...
Чистиот дом не е само естетика
Домот е место каде одмараме, јадеме, спиеме и ги поминуваме најинтимни...
Анкета
profesorica
Какви влажни марамици користите за вашето дете?Дали е битно да се скапи или сте пронашле некои поефтини што исто вршат работа?
Бекутан (70%)
Pampers (17%)
Babycare (6%)
Higi (0%)
Junior baby (7%)
Број на сите гласови: 84
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!
                    			
