vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Вкусот на традицијата
На оган ставаме тенџере и во него ги ставаме трите чаши вода. Во водата ги додаваме двете чаши шеќер и оставаме да зоврие. На даската за сечење крупно ги сечкаме бадемите. На оган ставаме уште едно тенџере и во него ги ставаме сечканите бадеми и гризот. Промешуваме и оставаме да се пржат на тивок оган додека да пожолтат. Во првото тенџере со шербетот додаваме 150 гр. маргарин и промешуваме со лажица за побрзо да се растопи. Откако шеќерот и маргаринот потполно ќе се растопат со црпалка црпиме од смесата и додаваме во тенџерето со испржен гриз и бадеми. Непрекинато мешајќи на оган смесата ја вариме додека не се згусти. Го тргаме тенџерето од оган и го ставаме на работната маса. Наполу изладената алва ја ставаме во метален калап облепен со алуминиумска фолија. Убаво ја рамниме горната површина на алвата. Подготовка на чоколаден прелив: На оган ставаме тенџере и во него ставаме маргарин и чоколадо за готвење да се растопат. Откако маргаринот и чоколадото се растпоени го тргаме тенџерето од оган. Со чоколадниот прелив со црпалка ја преливаме алвата. Калапот со алва го ставаме во замрзнувач да се стегне. Откако алвата е стегната го вадиме калапот од замрзнувач и го ставаме на работната маса. Ја отстрануваме фолијата и со остар нож сечеме поголеми триаголни парчиња од алвата со бадеми. Парчињата од сите страни ги валкаме во преостанатиот чоколаден прелив.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 90
Број на лица: 4+
Kомплицираност: 4
- 50 гр. бадеми
- 2 чаши шеќер
- 150 гр. маргарин
- 1 чаша гриз
- 3 чаши вода
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...