vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Оригинален рецепт за лиснати кроасани
Квасецот ставете го во претходно загреано млеко, заедно со шеќерот. Мешајте со лажиче за да се стопат. Од брашното, квасецот (со млекото), водата, маслото, солта и јајцето замесете средно меко тесто. Од тестото одделете 16 топчиња и со сукало расукајте ги во круг. Поделете ги во два дела по осум расукани теста, каде секое тесто ќе го премачкате со маргарин. Двете „кули“ од по 8 намачкани теста покријте ги со крпа и оставете да ги 20 минути да се одмараат. Секоја кула од тесто развлечете ја со сукало за да добиете големо тесто. Откако двете кули од тесто ќе ги развлечете во голем круг, секој круг исечете го на 8 или 10 парчиња за да добиете 20-24 триаголничиња. На секој триаголник ставете од филот и завиткајте го кроасанот од поширокиот кон најтенкиот дел. Готовите кроасани ставете ги во подмачкано тавче со маргарин или обложено со хартија за печење. Оставете ги кроасаните да одмараат 1 час покриени со крпа. Премачкајте ги со смесата од јајце и жолчка и попрскајте ги со сусам, ким, афион или морска сол. Печете ги во претходно загреана рерна на 250 целзисуови степени 25 до 30 минути (зависи од рерната).
Време на подготовка од: 50
Време на подготовка до: 60
Број на лица: 4+
Kомплицираност: 3
1 кг меко брашно
50 гр квасец
2 лажички сол
1 лажиче шеќер
5 лажици масло
1 јајце
2,5 дл млеко
2,5 дл вода
250 гр маргарин за премачкување на тестата
Фил: по желба: шунка, кашкавал, павлака, фета сирење, спанаќ, карамелизиран кромид, печурки, џем, еурокрем...
За премачкување на кроасаните:
1 јајце
1 жолчка
сусам, ким, афион
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Психичка благосостојба во бременоста
Бременоста носи многу убави очекувања, но и промени, грижи и неизвесно...
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце ...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...