vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Изгледа привлечно, мириса одлично!
Ставете половина од млекото, брашното, солта и биберот во блендер и миксирајте околу 1 минута. на загреаното масло ставете ја смесата и оставете ја да зоврие на тивок оган, со непрестајно мешање, додека се згусни. Тргнете ја од оган, оставете ја да се излади и ставете ги изматените јајца и ренданиот кашкавал. Изрендајте индиско оревче и ставете сол и бибер. Сварете ги шпагетите. Исцедете ги и исплакнете ги со ладна вода. Исечкајте го ситно кромидот, лукот и морковот. Ставете ги продуктите да се пржат на загреано масло, на тивок оган, додека омекнат. Потоа засилете го огнот и додајте го меленото месо и печурките и пржете околу 15 минути. Додадете сол и црн бибер. Додадете го виното и мешајте додека не испари. Додајте ги доматното пире и шеќерот и варете на тивок оган додека се згусни сосот. Земете огноотпорен округов сад и намачкајте го со маргарин. Наредете ги шпагетите во круг од дното на садот нагоре. Откако ќе наредите еден слој шпагети, изрендајте кашкавал, па наредете уште еден слој. Ставете го бешамел сосот на дното, наредете слој шпагети, сос од мелено месо, па повторно бешамел и така редете додека не го наполните садот. Завршете со бешамел и шпагети кои повторно ќе ги наредите во круг на дното од садот. Покријте го садот со фолија и печете околу 40 мин. во рерна. Оставете да се излади и превртете ја тортата на сад за сервирање.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 90
Број на лица: 4
Kомплицираност: 4
-400 гр. шпагети
- 400 гр. мелено месо
-300 гр. шампињони
- 1 ситно сечкан морков
- 1 главица кромис
- 1-2 чешниња лук
- 2 ситно сечкани печени пиперки
- рендан кашкавал
- 1 чаша пире од домати
- малку шеќер
- масло, магдонос, босилек, сол и црн бибер
За бешамел сок
- 600 мл. млеко
- масло
- ? чаша брашно
- 2 јајца
- рендан кашкавал
- сол, црн бибер, индиско оревче
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...