vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Одлична е во комбинација со кисело млеко
Две глави кромид ситно се сецкаат и се пржат во малку масло. Пред да почне да се вцрвенува кромидот се додава половина кило мелено месо кое најдобро е да биде 70% телешко и 30% свинско. Се пржи околу десетина минути додека месото не ја изгуби црвената боја и постојано се меша за да кромидот и месото добро се измешаат. Потоа во тавата се додава една чаша ориз и се пржи уште 5-6 минути. Смесата се зачинува со бибер, сол и малку буковец по желба. Виткање на сармите. Листовите зелка се приготвуваат така што им се одстранува тврдиот дел. Се обаруваат со врела вода неколку минути, додека не омекнат. На еден лист се става по една супени лажица од меленото месо и се виткаат сармите. Потоа сармите се редат во тенџере. Тенџерето се налива со вода додека сармите не се потопат со вода. Се вари еден час на тивок оган. Се сервираат со кисело млеко.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 120
Kомплицираност: 3
- две главици кромид
- 1/2 кгр. мелено месо
- ориз
- бибер
- сол
- буковец