vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Прекрасен мирис се шири во кујната
Се става квасецот да скисне во една чаша топла вода со малку шеќер. Се замесува тесто од сите состојки (освен мармаладот и сувото грозје). Тестото да биде средно меко. Се покрива со крпа и се остава на топло да скисне. Откако еднаш ќе скисне, се размесува со малку брашно и се остава втор пат да скисне. Кога и втор пат скиснало, тестото се размесува убаво и се дели на пола. Едниот дел се остава на страна покриен со крпа. Се зема половината тесто и се дели на два дела. Од првите два дела се прават два ролати со мармаладот. Се расукува правоаголна кора ( ширина колку плехот за печење ) се мачка со мармалад и се витка како ролат. Се става на плехот. Истото се повторува и со другиот дел, се мачка мармалад, се витка ролат и се става во плехот на малку растојание од првиот ролат. Потоа се зема другата половина од тестото. Се дели на 6 еднакви топчиња. Од топчињата се прават долги како ленти со раце ( како сукало ). На секоја лента се става суво грозје и повторно со раце се сучат за да се соедини тестото со грозјето. Се земаат по три ленти и се плетат како плетенки. Истото се повторува и со другите три ленти. Се ставаат на плехот кај ролатите ( поголем плех ) се мачкаат сите со жолчка од јајце и се посипуваат со ванилин шеќер. Се печат на умерена температура 1 час. Откако ќе се испечат се покриваат убаво да омекнат и после 15 минути се вадат од плехот и се оставаат завиткани додека сосема не се изладат.
Време на подготовка од: 120
Време на подготовка до: 180
Број на лица: 6+
Kомплицираност: 3
-4 јајца
-? литар млеко
-1 чаша масло
-1 квасец
-1 чаша вода
-300 гр шеќер
-стругана кора од 1 лимон
-мармалад ( јас користам мешан, домашен)
-суво грозје
-брашно по потреба
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...