vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Twins
Twins Ви препорачува!
Кромидот ситно го сецкаме и го пропржуваме додека да омекне, потоа се додава месото , се пржи и се додава по вкус, сол, вегета, црн пипер. Во сад настрана се меша заедно водата и маслото и се додава сол. Во тркалезно тавче премачкано со маргарин се ставаат 2-3 кори ама краевите да излегуваат надвор од тавата. Се попрскува со мешавината од вода и масло па се редат еден ред гужвани кори, па повторно се прска со месавината од вода и масло па се става(пропрскува ) од месото .Над тоа се реди повторно ред гужвани кори па повторно се пропрскува од течноста па месо и така додека има кори и месо.Најгоре се ставаат 2 цели ( не гузвани )кори се пропрскува од течноста и се затвараат краевите од првите кори кои излегуваа од тавата и пак се прска од течноста. Се пече околу 25-30 минути на 180 степени. Истиот бурек наместо со месо може да се направи и со сирење и со спанаќ по Ваша желба.
Време на подготовка од: 30
Време на подготовка до: 40
Број на лица: 4
Kомплицираност: 3
500 гр.кори
300 гр мелено месо
1 главица кромид
сол, црн пипер, вегета
250 мл кисела вода(мозе и обична)
100 мл масло
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Психичка благосостојба во бременоста
Бременоста носи многу убави очекувања, но и промени, грижи и неизвесно...
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце ...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...