vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Бабин рецепт
1. Маринирајте ги сувите сливи и 4 јаболки исечени на парчиња во вино со ловоров лист околу 60 минути исцедете ги и помешајте ги со јајцата, ренданото сирење,исецканиот леб, сецканиот кромид, неколку сецкани листови жалфија и иглички рузмарин, сол и бибер. 2. Добро изчистете ја мисирката, од внатре посолете је и побиберете ја и наполнете ја со подготвената смеса, па затворете ги сите отвори. Посолете ја од надвор и префрлете ја во плехот со зачините. Печете ја 2,5 часа на 160 степени повремено залевајки ја со виното од маринадата. 3. Обмотајте ја мисирката со сланина и печете ја на 190 степени уште 30 минути. Преостанатите јаболки исечете ги на парчиња, пропржете ги на путер со лук, посолете и послужете со мисирката.
Време на подготовка од: 150
Време на подготовка до: 180
Број на лица: 6+
Kомплицираност: 5
- 1 мисирка (околу 3 кг.)
- 200 гр. суви сливи без семки
- 8 црвени кисело-слатки јаболки
- 5дл. бело вино
- 2 листа лорбер
- 2 јајца
- 60 гр. рендан падано (или пармезан)
- 4 парчиња леб
- 1 главица кромид
- 1 гранче жалфија
- 3 гранчиња рузмарин
- 200 гр.тенки ленти сланина
- 1 чешне лук
- 40 гр. путер
- Сол
- Бибер
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Психичка благосостојба во бременоста
Бременоста носи многу убави очекувања, но и промени, грижи и неизвесно...
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце ...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...