vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
@my_little_kitchen_stories ви препорачува
Модрите домати ги сечеме на половина по должина и ја вадиме внатрешноста. Вака празни ги ставаме на хартија за печење и ги посолуваме, попрскуваме малку со масло за јадење и ги ставаме 10 минути на 180оЦ. Во меѓувреме ги пропржуваме кромидот и лукот и потоа ги додаваме ситно исецканите печурки и малку вода и динстаме неколку минути. Кон ова ја додаваме внатрешноста од модрите домати, ситно исецкана, и ситно исецканата тиквица. Мешаме и додаваме зачини и оставаме да се динста 10-тина минути. Потоа додаваме доматно пире и динстаме уште неколку минути. Со оваа смеса ги полниме модрите домати и ставаме кругови од доматите. Ги оставаме да се печат на 180 оЦ, 10-15 минути. Потоа при крај ги редиме кришките сирење и допекуваме уште неколку минути. Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време на подготовка од: 40
Време на подготовка до: 60
Kомплицираност: 3
2 модри домати
1 главица кромид
2 чешниња лук
200 гр свежи шампињони
1 тиквица
5 лажици доматно пире
Сирење по желба (било кое млечно сирење)
1 домат или неколку шери домати
Зачини по желба (сол, црн пипер, босилок, мајчина душичка)
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...