vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Соодветна за сите режими на исхрана
Модрите домати се сечат на кругови со дебелина од 0.5 см, се посолуваат и оставаат на страна 15-тина минути. Во тава со малку маслиново масло, на умерен оган, се пропржуваат кромидот, лукот и шампињоните. Се додава половина од доматното пире и зачините и уште малку се остава да се продинста. Се трга од оган. Садот во кој ќе се пече мусаката се попрскува со малку маслиново масло. Потоа се реди еден ред модри домати, врз него половина од динстаните шампињони. Пак ред модри домати, па втората половина од шампињоните. И на крај, мусаката се завршува со ред модри домати. Во останатиот дел од доматното пире се додава малку вода, убаво се промешува и со оваа смеса се прелева целата мусака. Од горе се наросува со сушен магдонос. Се пече во загреана рерна на 180°C – 200°C, околу 40-тина мин или прилагодено на сопствената рерна.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 80
Kомплицираност: 2
2 Модри домати
500 гр. Шампињони
2 главици Кромид
2 чешниња Лук
1 тегла Доматно пире
Маслиново масло
ЗАЧИНИ
Сол и бибер
Босилок
Куркума
Копар
Мајчина душица
Магдонос
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Психичка благосостојба во бременоста
Бременоста носи многу убави очекувања, но и промени, грижи и неизвесно...
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце ...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...