vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Практично и вкусно предјадење за секоја пригода.
Подготовка: компирите излупете ги и сварете со лукот. Водата оставете ја бидејќи во неа веднаш можете да ја сварите пченката (5 минути), а кога и неа ќе ја извадите од водата додајте го спанаќот (5. минути). Лукот извадете го бидејќи ни послужил само за подобра арома. Врелите,и исцедени компири, испасирајте ги како за пире и оставете малку да се изладат, да станат млаки. Додајте ги мелените крекери, мајонез и сол и со рака убаво соединете. Се добива околу 1500 грама тесто така што за секој ролат ќе ви треба по 500 грама. Останатите состојки можат да бидат по ваш вкус. Еве некои комбинации: Прв ролат 1 лажичка куркума (за тестото), 50 г. спанаќ, 100 г посен мајонез, сол по вкус. Тестото измесете го со куркумата. Помеѓу два слоја хартија за печење расукајте правоаголник па намачкајте со подготвениот спанаќ кој сте го иситниле и сте вмешале мајонез и малку сол. Завиткајте со помош на хартијата и оставете до наредениот ден. Втор ролат 1 лажичка оригано (за тестото), 3 лажици кечап, 180 г. туна. Тестото измесете го со ориганото и како првиот ролат, помеѓу две хартии расукајте правоаголник. Измешајте ја туната со кечапот и намачкајте, па со помош на хартија завиткајте ролат. И’, него префрлете го во фрижидер да отстои еден ден. Трет ролат 3 лажици ајвар (за тестото), 200 г варена пченка, 100 г мајонез. Тестото измесете го со ајварот и развлечете - како и претходните два ролати. Намачкајте со филот, завиткајте и префрлете во фрижидер. Ролатите исечете ги, сервирајте и послуѓете. Добар апетит!
Време на подготовка од: 90
Време на подготовка до: 120
Број на лица: 4
Kомплицираност: 4
Состојки за основна смеса:
1 - 2 килограми компири,
400 г посни крекери,
250 г посен мајонез,
сол,
3 чена лук
За фил за 1 ролат
50 г. спанаќ,
100 г посен мајонез,
сол по вкус
За Фил за 2 ролат
1 лажичка оригано (за тестото,
3 лажици кечап,
180 г. туна
За фил за 3 ролат
3 лажици ајвар (за тестото),
200 г варена пченка,
100 г мајонез
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...