vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Подгответе вкусен ручек за целото семејство, мусака од печени пиперки и мелено месо
Оризот измијте го и ставете го да се вари. Кромидот ситно исецкајте го и ставете го да се пржи на загреано масло, додадете го меленото месо, зачинете и додадете го сварениот ориз. Откако целата смеса добро ќе се испржи додадете сецкан магдонос и тргнете од оган . Во сад измешајте ја павлаката со јацата и зачинете. Огноотпорниот сад премачкајте го со масло, на дното од садот наредете еден ред со пиперки, претходно испечени и излупени, потоа врз пиперките премачкајте од павлаката со јајца, па потоа нанесете еден слој од смесата со мелено месо. Постапката повторувајте ја се додека не ја потрошите целата количина на продукти, одозгора прелијте со павлаката и јајцата. Печете во загреана рерна на 250 степени околу 30 минути.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 90
Број на лица: 4
Kомплицираност: 3
10 печени пиперки (црвени, кога не е сезона користете замрзнати)
500 грама мелено месо
200 грама кисела павлака
4 јајца
100 мл масло
1 главица кромид
150 грама ориз
Свеж магдонос, мешан зачин, сол и црн пипер
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Психичка благосостојба во бременоста
Бременоста носи многу убави очекувања, но и промени, грижи и неизвесно...
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце ...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...