vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Елегантно и подеднакво вкусно јадење, оваа салата ќе ги засени сите останати рецепти кои ги имате во тетратката
Потпечете ги печурките на хартија за печење околу 10-тина минути попрскани со малку масло за јадење и сол. Во подлабок кружен сад, наредете ги со „капите“ надолу. Ситно сечкaниот магдонос (или рукола, секако, по желба), посипете го врз печурките. Сварените компири ситно исечкајте (или изрендајте) ги и додадете ги врз магдоносот. Намачкајте дебел слој мајонез врз салата. Исчекајте ги киселите краставички на коцки и додадете ги во салатата, со уште малку мајонез доколку е потребно. Исечкајте го вареното месо на коцкички и додадете го како нареден слој во салатата. Претпоследниот слој се варените моркови (може да ги исечете и нив на коцки или на долги тенки ленти). Додадете мајонез доколку салатата ви е премногу сува. Последниот слој се состои од рендан кашкавал. Додадете го врз салатата и добро измазнете со лажица. Завиткајте ја салатата и ставете ја во фрижидер 2 часа. Откако добро ќе се стегне, превртете ја во поголема чинија, поделете прибор и – уживајте.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 90
Kомплицираност: 4
500 g свежи печурки
50 g магдонос
200 g сварено месо (свинско, телешко или пилешко, по желба)
200 g моркови
200 g кашкавал
200 g компири
100 g кисели краставички
200 g мајонез
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...