vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Вкус на пролетта
Брокулата и карфиолот искинете ги на помали парчиња и ставете ги да се варат во посолена вода некои 5-6 минути. Потоа исцедете ги и оставете ги на страна. Тестенините сварете ги во посолена вода за време означена на паковањето. Потоа исцедете ги. Во тава со 5-6 лажици маслиново масло пропржете го лукчето многу малку, колку да пушти мирис. Додајте ги брокулата и карфиолот и измешајте ги. Тавата тргнете ја од огнот и додајте ги тестенините и рикотата или урдата. Додајте сол и бибер по вкус и змешајте. Рерната вклучете ја да се загрее на 200 степени. Помало плехче намачкајте го со путер и посипете го со лебни трошки. Смесата од тестенини турете ја во плехчето и порамнете ја. Јајцата изматете ги со вилушка со малку сол и прелијте ги над тестенините. Одозгора попрскајте ги со масло. Ставете ги да се запечат 15-20 минути. Послужете ги топли посипани со пармезан.
Време на подготовка од: 40
Време на подготовка до: 50
Kомплицираност: 3
250 гр кратки тестенини
400 гр брокула
200 гр карфиол
250 гр рикота или урда
2 - 3 чешниња лук
по потреба маслиново масло
по потреба сол и бибер
За прелив
3 јајца
по потреба пармезан
по потреба путер и лебни трошки за тавата за печење
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...