vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Прекрасна ужина за сите
Млекото се затоплува. Кон него се додаваат: квасецот, 3-4 лажици шеќер, 3-4 лажици брашно. Смесата се остава на страна за околу 10 минути за да стаса. Брашното, јајцата (без едната жолчка), маслото, ванилата и 3-4 лажици шеќер се мешаат со веќе стасаниот квасец. Тестото се замесува и се остава да нарасне за 30-35 минути. Откако ќе нарасне се премесува и се дели на 4 еднакви топчиња. Топчињата се остават на маса врз масло. Се сучат се и се сечат на триаголници (со дебелина од околу 1 см). Се додава мармалад (по можност густ) и се витка. Одделно се разбива жолчка со малку масло и се мачкаат кифлите. Се посипуваат со шеќер и се оставаат малку да скиснат. Печете на 200 ° и постепено на 250 °.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 80
Kомплицираност: 3
1 кгр. брашно
5 јајца
500 мл млеко
1 квасец
150 мл.масло
6-8 лажици шеќер
1 пак. ванила
мармалад
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...