vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Прекрасно, лесно, вкусно
Вклучете ја рерната и оставете ја да се загрее до 180 степени. Исчистете ги пилешките копани од кожата, не е потребно да ги солите. Растопете го путерот во мала тава за сос. Во голем сад изрендајте го сирењето / кашкавалот, додадете ја вегетата и презлата и промешајте ги состојките со раце. Земете парче месо и ставете го во садот со стопен путер да се премачка од сите страни, а потоа префрлете во садот со рендан кашкавал. Тркалајте го така секое бутче соодветно во маста и смесата со сирење, лебни трошки и зачини. Ставете го пилето во тава, не е потребно премачкување. Кога целото месо е уредено во плехот, залејте го со остатокот од стопен путер, а потоа посипете го со остатокот од смесата со сирење, лебни трошки и зачини. Ставете го пилешкото во загреана рерна и печете околу 50 минути, или додека не потемни.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 80
Број на лица: 4
Kомплицираност: 2
10 пилешки копани
150 гр. Путер или маргарин
300 гр. Рендано тврдо сирење или кашкавал
1 цела лажичка вегета
3 полни лажици презла
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...