vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Предлог за денешен посен ручек
Сувите пиперки, попарете ги во врела вода, пa oставете ги саат-два да отстојат, за убаво да се натопат. Оризот измијте го и оставете го да отстои во малку вода.На малку масло, пропржете ги кромидот, лукот, празот и ловоровиот лист, па додадете го целерот и морковот, зачинете со сол, бибер и магдонос, па убаво измешајте.Кога сето тоа убаво ќе го сварите, додадете го оризот и благо прелијте со вода, намалете ја температурата и оставете да се вари половина час.Потоа, тргнете од оганот и оставете да се олади.Потоа, еден подлабок сад премачкајте го со масло. Пиперките убаво исцедете ги од водата во која што стоеја, па полнeте ги со смесата и редете ги во садот. Подготвените полнети пиперки налејте ги со 200 гр. вода и печете ги во рерна на 200 степени. Кога убаво ќе се испечат, извадете ги од рерната, оставете малку да се изладат, па послужете.
Време на подготовка од: 40
Време на подготовка до: 60
Kомплицираност: 2
малку Црн бибер
50 грама Целер
малку Сол
50 грама Праз
10 Пиперки
200 грама Ориз
100 грама Моркови
50 милилитри Масло
малку Магдонос
3 чешниња Лук
1 ливче Ловоров лист
2 главица Кромид
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...