vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
vezilka RR
vezilka RR ви препорачува
По киснењето, бадемите и другите плодови со лушпа треба да се излупат. Оваа смеса е доволна за 3-4 чаши, па ако не ги испиете веднаш, чувајте го млекото во стаклено шише во фрижидер. Оревите, бадемите, семките или зрната ги оставате во филтрирана вода да искиснат. Во водата додавате и малку морска сол. Времетраењето на кинеснењето зависи од самите продукти што ќе ги одберете, но најдобро е да ги оставите цела ноќ. За тоа време во семките и зрната се активираат сите хранливи материи и ензимите. Исплакнете ги семките и исцедете ги. Ставете ги во блендер заедно со филтрирана вода во однос 1:3. На една чаша семки, најдобро е да започнете со две чаши вода, а потоа за време на миксањето да ја додадете третата чаша вода. Блендерот вклучете го со најсилна брзина и миксајте се додека смесата не стане течна и мазна. Во млекото можете да додадете 1 лажичка кокосово масло, да го засладите по вкус со некој природен засладувач, и една лажичка соин или сончогледов лецитин.
Време на подготовка од: 20
Време на подготовка до: 24
Kомплицираност: 3
1 чаша ореви, житарки или семиња
3 чаши филтрирана вода
3 лажички шеќер (од шеќерна трска, јаворов сируп,агава,стевиа,кокосов шеќер)
1 лажичка кокосово масло/путер (по желба)
1 лажичка соин или сончогледов лецитин
Ванила, какао, по желба
Прстофат морска сол.
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Психичка благосостојба во бременоста
Бременоста носи многу убави очекувања, но и промени, грижи и неизвесно...
Датумот на зачнување е моментот кога сперматозоидот ја оплодува јајце ...
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...