vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Да се заблажиме
Измешајте ги мелените ореви, шеќерот, виното и брашното помешано со сода бикарбона. Тавата подмачкајте ја со масло и ставете ја смесата за тесто. печете во претходно загреана рерна на 200 степени. Печеното тесто ставете го на платнена крпа и завиткајте го во форма на ролат. Оставете го да се излади. Измешајте го пудингот со шеќерот во прав и сварете го со вода. Додадете го изматениот маргарин во пудингот.Потоа додадете ги мелените ореви и чоколадото стопено на пареа. Се добро измешајте и рамноерно разнесете една половина од филот на веќе испечената кора. Излупете ги бананите и попрскајте ги со сок од лимон. Наредете ги на средината на тестото во должина. Завиткајте го ролатот и одозгора премачкајте го со остатокот од филот. Украсете го ролатот со рендано чоколадо.
Време на подготовка од: 50
Време на подготовка до: 60
Kомплицираност: 3
250 гр. мелени ореви
200 гр. шеќер
3 дл. бело вино
200 гр. брашно
1 лажичка сода бикарбона
Фил:
1 кесичка пудинг од ванила
5 лажици шеќер
200 гр. маргарин
100 гр. шеќер во прав
сок и кора од 1 лимон
100 гр. чоколадо
4 банани
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...