vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Полнетите пирошки се со потекло од Шпанија и се варијанта на арапските пити полнети со месо
Во тава додадете малку масло и пропржете ги лукот и кромидот. Додадете го пилешкото и продолжете со пржење додека да добие златно жолта боја. Потоа додадете компири, моркови, соја сос, сол и црн бибер. Добро измешајте ја смесата и продолжете со готвењето уште 2 минути. На крај додадете суво грозје, грашок и шеќер и гответе уште 2 минути. Одстранете ја тавата од рингла и оставете ја смесата да се излади. Во сад измешајте брашно, шеќер, прашок за пециво и сол. Потоа додадете путер и почнете со месење на тестото постепено додадавајќи вода. Откако тестото ќе се формира, разделете го на околу 15 топчиња и оставете го да отстои 30 минути. Со сукало развлечете го секое топче од тестото во форма на мини пица. Ставете на средина по 2-3 лажици од предходно подготвената смеса со пилешко месо. Преклопете го тестото на половина и добро притиснете ги рабовите за да се залепат. По желба можете и малку да ги подвиткате навнатре. Изматете една жолчка од јајце и една лажица павлака и со оваа смеса премачкајте ги пирошките. Ставете ги пирошките во тава и печете ги во предходно загреана рерна на 200 степени околу 20 минути, додека да добијат златно жолта боја. Послужете ги топли.
Време на подготовка од: 50
Време на подготовка до: 70
Kомплицираност: 3
650 гр. брашно
1/2 лажичка прашок за пециво
1/2 лажичка сол
50 гр. шеќер
6 лажици вода ладна
220 гр. путер исечен на мали коцки
1 лажица павлака
1 жолчка
Фил:
600 гр. пилешки гради исечени на мали коцки
100 гр. компир исецкан
100 гр. морков исецкан
100 гр. грашок
50 гр. суво грозје
1 кромид ситно исецкан
4 чешниња лук испасиран
2 лажички шеќер
2 лажици соја сос
50 мл. вода
масло
сол и бибер
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...