vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Совршена комбинација на состојки
Излупете ги модрите патлиџани и исечете ги на дебели тркалезни парчиња. Обложете плитка тава со хартија за печење, посолете го модриот патлиџан и ставете ги парчињата да се испечат во рерна на температура од 200°C. Во длабок сад, на маслиново масло пропржете го кромидот исечкан на ситни парчиња и откако ќе добие жолтеникава боја, додајте го лукот исто така исечен на ситни парчиња и пржете уште 2 минути. Додајте го сосот од домати. Додајте сол, бибер, мед и босилок. Гответе уште 15 минути. Во огноотпорен сад подмачкан со путер, наредете слој лазањи на дното од садот, потоа слој од сосот со домати, слој од печените патлиџани и малку изрендан пармезан. Постапката повторувајте ја додека не ги потрошите состојките и завршете со слој од тестенини. Прелијте со бешамел сос и изрендајте пармезан одозгора. Бидете сигурни дека сите листови од тестенината се добро покриени со сосот. Печете во загреана рерна 20 минути на 200°C. Откако ќе бидат готови лазањите, причекајте да се оладат пред да ги послужите.
Време на подготовка од: 40
Време на подготовка до: 60
Kомплицираност: 2
2 модри патлиџана (средна големина)
1 главица кромид
2 конзерви (од 250г) домати или домашен доматен сос
2 чешниња лук
1 лажица мед
200г пармезан
Едно пакување лазањи
Сол
Бибер
Босилок (свеж или сушен)
Маслиново масло
Путер
Бешамел сос
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...