vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Песто е традиционален италијански сос кој потекнува од Џенова. Иако денес постојат бројни варијанти на овој вкусен сос, сепак, најпопуларен е оригиналниот песто сос со босилек
Исечете го лукот на мали парченца – Босилекот исечкајте го покрупно. Во сад ставете го лукот, оревите и босилекот, а маслиновото масло додадете го на крајот. Смесата се меша со миксер, се додека не се добие кремаста маса која не смее да биде многу ситна. На крај, изрендајте го пармезанот и додадете сол и бибер по желба. Совет: Пестото ќе ја задржи својата зелена боја подолго време ако додадете лажица витамин Ц во прав. Се препорачува сосот да се чува во стаклен сад. Песто сосот најдобро оди во комбинација со шпагети, но пробајте го и со зеленчук на скара, печен компир или како намаз во сендвичи.
Време на подготовка од: 10
Време на подготовка до: 15
Kомплицираност: 2
3 чешниња лук
100 гр индиски ореви или пак бадем, лешник, ореви
150 гр свеж босилек
200 мл маслиново масло
сол и бел бибер
50 гр пармезан
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...