Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
RE: Дали родивте во ден или во ноќ? 27.12.2009 19:08:14
Палешка РР
Во ден 12,20 часот се роди мојата Миа. Нели си бев заедно со вас на РР до 23,30 вечерта на 22.12. Само што си легнав ми прсна водењакот и веднаш со маж ми отидов на болница. Марио го оставив да спие Таму ме прими акушерката која ме пораѓаше со Марио и малку ми олесни. Направивме ЦТГ и сите придружни работи пред пораѓај и чекавме да добијам природни болки, но ништо. Утрото во 9 часот дојде докторката која требаше да ме породи. Ми стави систем тогаш почнав да добивам болки..кога почнаа на 1 минута беше 12 часот и веќе бев на бокс. Бев истоштена и немав воздух, немав ни природен напон. Тогашдокторката ми рече - тебе не те боли толку колку што го боли бебето - Помнам дека ја собрав сета сила која постои во мене и во еден напон,без да пуштам глас, во неполни две минути ја родив Миа. Се исправив и кога ја слушнав како плаче - заборавив се!
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Дали родивте во ден или во ноќ? 27.12.2009 22:34:01
Весна
Се’ почна ноќе, односно сабајлечки околу 4:30, за накај 5часот да ми пукне водењакот, до 9ч веќе бев целосно отворена, ама малава се збуни та тргна нагоре и на лево, па се бркавме се’ до 12ч кога ми престанаа болките, па ми тупнаа инјекција, пак почнаа болките и со три-четири напнувања се роди Јана.
RE: Дали родивте во ден или во ноќ? 22.2.2010 14:29:05
alex_mo
Се породив во 13.10ч на 06.02, а многу сакав да биде ноќе како со син ми.Сепак се беше супер и воопшто не е битно дали е дење или ноке ,само се добро да помине
RE: Дали родивте во ден или во ноќ? 22.2.2010 14:45:34
betpet
Se zapocna vo popladnevnite casovi, krevanje tem. i pritisok i doktorot rece ako ne se simne pritisokot ke morame da go vadime bebeto. i taka vo 20,34 min se bese gotovo, se rodi malata Teodora.
RE: Дали родивте во ден или во ноќ? 22.2.2010 14:48:33
Тања РР
Се породив во 23:45 на 16.12. Цел ден бев на работа, до 16:30. Од работа тргнав во болница да проверам урина кај една пријателка која работи на трансфузиологија и беше дежурна. Ми рече дека имам покачени протеини. Тогаш веќе почнав да чувствувам болка и си помислив дека сигурно сум закачила некоја инфекција. Од таму отидов во аптека да земам брусница за инфекцијата нели. Ни на крај памет не ми дојде дека можно е да се пораѓам. Отидов дома, мм правеше ручек. Му се пожалив дека многу ме боли и дека најверојатно сум добила инфекција . Јадевме и бидејки болките се зачестија решивме да одиме на преглед. Одам јас на гинекологија и др. ми вика „отворена си 7 см, можно е да се пораѓаш по пат“. По кој пат докторе???? По пат за Скопје- рече- бебето таму има поголеми шанси. Среќа стигнавме навреме па ми го скратија тоа искуство да ме пораѓа сестра во амбулантно возило во кое нема осветлување и прозорците не се затвараат а надвор е -10 степени.
RE: Дали родивте во ден или во ноќ? 3.3.2010 0:09:45
sweety***
jas se porodiv vo 18:15 i jas poglednav na saatot za sekoj slucaj a bolkite me fatija uste vo 6 sabajle no duri vo 13:30 otidov vo bolnica a vo 16:30 mi go pukna vodenjakot ne pukase sam ama lesno mi bese so spinalna i ne cuvstvuvav skoro nisto samo nekoi dva casa megu 14-16 i tolku
Летните горештини можат да бидат непријатни за секого, но во бременост...
Анкета
Дали вашите момчиња си ги допираат пенисите? пеперутка16
Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.