miana
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Елен До сите мајки што се размислуваат каде да го однесат детето на преглед кај ортопед Мој совет- НИКАКО КАЈ МНОГУДОБРИОТ стручњак Видоевски Докторот работи во тотално НЕХИГИЕНСКИ услови, кога ке влезеш пд врата започнува веднаш со нападни разговори кои немаат крај и глумење како во Драмски театар а детето за тоа време го соблака и седи голо за да настине.. Раце миење пред преглед што беше тоа... За да ми објасни како детето се потело, пред мене и сопругот си го излижа прстот показалецот и му дуваше на прстот и со такви раце ми го фаќаше детето кое има месец ипол... Не знам како луѓево со цел памет закажуваат кај него и нема термини од презафатеност... Мене на се ми личи али на доктор не личи... Ни мантил не носи... По фармерки шета... До сите оние кои се разумни мајки и сакаат детето да го однесат во нормални услови за преглед да не го носат кај Др Видоевски зашто само може да се разболе од таа гадна ординација... Кога се подразбира ординација а поготово приватна каде пчлаќаш 1400 денари за шпреглед треба барем да биде чиста и хигиенски нормална... Се каам што послушав препорака од пријатели да го однесам детето и дури се прасувам како можев да бидам неодговорна мајка да го малтретирам детето по такви гадни места... Згрозена сум и забезекната од непријатното искуство... Срам ми е што во Македонија таквите доктори се сметаат за најдобри... Елен,добредојде на форумов. Да те прашам само дали прв пат воопшто носиш дете на ортопед,или си имала искуство на друго место? Дали можеби си била во Мајчин дом на преглед? Мила,таму ако одиш,плачеки ке си заминеш - верувај!!!! Прво закажуваш три месеци однапред,одиш таму се убиваш од чекање,го регледуваат детето како кутре ( 1 мин ) ти пишуваат на лист и ти викаат пријатно. Ако ти свртат еден муабет треба да си среќна. А за зарази да не правиме муабет. Во мајчин дом ако не се разболиш,никаде нема да се разболиш..Те молам не се обидувај да го ругаш овој доктор,навистина не држи вода. Да не е во ред она што ти го кажал,да ти дал погрешна дијагноза,да направил лекарска грешка - да,ке те сватам,ама заз неговата стручност никој не му е рамен. Се што кажува овој човек,држи вода, Не те спречувам да имаш лошо мислење а него,но еве нареден преглед оди на друго место ,па напиши споредба. Поздрав
|