|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
23.12.2009 15:59:27   
betavitevit
Еве да го напишам нашето искуство со атопичноит дерматит(егзема) или кај народот познато како мајасил.
На 5-месечна возраст на лактовите ни се појавија црвено-кафеави кругови.
Ја однесовме керкичката кај др.Дохчев-приватен дерматолог на почетокот на јуни оваа година.Дијагностицираше атопичен дерматит,ни даде афлодерм да мачкаме двапати дневно-3 дена(бидејќи е кортикостероид)а потоа со линолна фет-медицинска крема,ни рече дека треба време да се излечи-најверојатно до 3 годинки,дека треба многу да внимаваме на исхраната-и тоа и бебето и јас бидејќи ја дојам.
На бебето ни рече до 1 година да НЕ и даваме кравјо млеко,млечни производи,чоколадо,потоа пилешко и свинско месо.јајце,риба,цитрусни овошја,капини,јагоди,малини, гриз,смоки никако а поготово покемони и др до 3 години.
Мене ми забрани да јадам свинско месо,сувомеснати производи,зачини поготово не вегета и оцет,ореви лешници,кикирики,чоколадо,смокви,јагоди,капини,малини,смоки.
За кратко време се изгубија круговите,се мачкавме со кремите,јадевме тоа што смееме.
Арно ама во септември повторно се појавија круговите и тоа не само на лактите,туку и на подлактиците како и на нозете-поизразено се црвени а мислам дека и ја чешаат иако уште се храниме со тоа што смееме.
Пак ја однесовме кај докторот пред месец и половина и пак истото ни го каза-треба време да се излечи,само што дозволи на бебето да му дадеме золчка и свеза пастрмка.
Иако се придрзуваме на исхраната ,мачкаме со линолна фет,црвените кругови и до денес не се губат,а ми се чини и дека се поцрвени и на поголема површина.(многу ме нервираат).
Од раѓање ја бањам со масло за туширање на Еуцерин ама нема ефект.
Минатата недела бевме и на козна клиника во дрзавна болница и таму ми препорачаа да пробам со Мустела стелотипиа масло за туширање.
Во саботата направивме 1 година и се јавив кај др.Дохчев за да прашам дали пак да ја донесеме-кога тој се пензионирал -не работи повеќе.
И сега незнам дали да почнам на керкичката да и давам млеко и млечни производи и се друго што ни забрани.

Се извинувам за долгиот пост
user posted image .


< Поракaта ја уредил Еца -- 28.12.2009 1:55:30 >

(Одговор на членот bojanas)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
28.12.2009 1:54:56   
Еца
Ех Бетавитевит тие кругови ги има и моето 5 месечно бебе, од стелатопиата кремот и еуцерин маслената купка се смируваат но не се губат. И од искуство со поголемата нема да се изгубат минимум до 3 години, за понатака не знам. Пред да и дадеш било што да јаде од она што ти забраниле мој совет да си земеш упат за на имунологија и да и направиш ИгЕ за да се види на што точно е алергична да не експериментираш бидејќи мојата поголема ќерка беше алергична на млеко и првиот пат кога и дадов страшно поминавме. Вака ќе знаеш на што е алергична и од што да ја пазиш. Јас утре одам на имунологија да му земат крв на моето бебе за тие испитувања. user posted image

< Поракaта ја уредил Еца -- 28.12.2009 1:56:56 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот betavitevit)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
29.12.2009 17:24:18   
betavitevit
Благодарам за советот.user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
29.12.2009 18:38:26   
Еца
Бетавитевит, сакав да те прашам дали досега сте направиле било какво испитување или дали си пробала да и дадеш од горенаведеното барем нешто и имаше ли реакција. Сега твоето има една годинка и дали сеуште ги има со иста големина како и на 5 месечна возраст или и се намалени/проширени? Дали си приметила на синтетика или меките играчки дали имаат некаков ефект врз кожата. јас по препорака на доктор мечињата сите ги собрав во кеса и ми стојат сеуште, а од облека само 100% памучна.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот betavitevit)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
30.12.2009 0:08:22   
betavitevit
Не сме правеле никакви испитувања.според др.Дохчев кај нас е  генетски пренесено(сопругот има дерматит а не е алергичен на ниедна храна) или пак се појавило од некој храна што јас сум ја јадела-ја дојам керкичката и преку млекото се пренело,дека треба да бидеме стрпливи со тек на време како ќе јакне имунитетот на ќеркичката така ке се изгуби дерматитот.
Инаку и дадов да проба по малку јогурт,павлака,крем-сир(содрзи млеко во прав),портокал,мандарина и фала богу немаше никаква реакција.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
30.12.2009 0:14:54   
betavitevit
А круговите се поголеми сега за разлика од првите што се појавија на 5-месеци
За облека и играчки никој ништо не ни спомнал,така да не пазиме на тоа.
Денес слушнав од една пријателка дека за атопична коза на нејзиното бебе користела А дерма екс омега крема и дека круговите се изгубиле за една недела па планирам да ја купам и да пробам(ја имало во Виола)-оваа крема била за полесни облици на атопичен дерматит.

поздрав.

(Одговор на членот betavitevit)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
30.12.2009 14:42:50   
mother 29
ЛОКАЛЕН ТРЕТМАН - ТЕРАПИЈА НА АТОПИСКИ
ДЕРМАТИТИС КАЈ ДЕЦА
Кортикостероидни кремови и масти претставуваат примарна (стандардна)
терапија.
Препаратите за навлажнување на кожата треба да се сменат ако започнат да ја
иритираат кожата. Тие не ја смируваат инфламацијата, но го намалуваат губењето
на влагата од кожата.
Брзо туширање на кожата со млака вода 2-7 пати неделно нема штетни ефекти.
Употреба на сапуни се препорачува во третман на дерматитис со секундарна
инфекција и крусти.
Потењето може да го влоши јадежот.
Деца под 2 години
1% хидрокортизонски крем во период од 1 до 3 недели.
Навлажнувачи - најмалку 10 дена помеѓу третманите со хидрокортизон.
Секојдневно бањање или туширање.
Деца на возраст од 2 до 6 години
Слабо потентни кортикостероидни кремови во период од 1 до 3 недели.
Средно потентни кортикостероидни кремови во период од 1 до 2 недели.
Навлажнувачи - најмалку 10 дена помеѓу кортикостероидните кури.
Ако нема одговор на кортикостероидните кремови, пимекролимус или такролимус
кремови може да се користат како алтернатива. И двата крема може да се користат
како континуирана терапија со интермитентна апликација.
Пимекролимус е наменет за терапија на средно тешки форми, а такролимус за
средно тешки и тешки форми на атописки дерматитис.
Иницијално кремот се нанесува два пати дневно во период од 2 недели, а
потоа се продолжува со еднократна апликација сè додека симптомите не се
смират.
За време на третманот треба да се одбегнува експозиција на сонце, да се
користат кремови со протективни фактори и соодветна облека.
Терапијата треба да биде посочена од дерматовенеролог или специјалист со
искуство во употреба на имуномодулаторни лекови.
Училишна возраст
Слабо до средно потентни кортикостероидни кремови во период од 1 до 3
недели.
извор .педијатрија

(Одговор на членот betavitevit)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
5.1.2010 0:39:02   
ripce
Атопичен дерматит се јавува 2-3 месеци по раѓање кај деца со атопична конституција. Не е докажано дали овие промени се предизвикани од храна, но се знае дека кај тие деца серумската концентрација на ИгЕ- антитела е 10 пати поголема од нормалата. Се манифестира со црвени плочи на обравчињата и на брадичката, со тенденција да се шири на лицето, вратот и на цело тело. На површината се појавуваат ситни меурчиња што прскаат. Промените се влажни, а по засушување остануваат красти. Заради јадежот децата се чешаат и се инфицираат местата со разни бактерии и вируси. Промените се смируваат и повторно можат да се појават. Најчесто се губат кон 2-та или 3-та година, а ретко продолжуваат до пубертетот. Лекувањето е главно со елиминирање на причинителот. Детето треба да избегнува синтетичка облека, иритирачки шампони и сапуни. Се препорачува елиминациона диета, кратко време и не треба да се ограничува храната што му е неопходна за нормален развој. Локалната терапија е со бурови облози, мачкање со "еозин", а над сувата површина се ставаат маслени витамински течности.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
6.1.2010 11:41:03   
Julie1
Крема која помага при егзема Декотал (дифлукортолон)!

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
6.1.2010 13:30:54   
Палешка РР
Можеби ќе звучи чудно но јас една ноќ, во недостаток на маст Белогент го намачкав Марио со маст за рагади на егземата. Луѓе до сабајлето му помина, од ниедна маст немало ваков неверојатен резултат. Ако е тоа лекот, урааааааааааааааааа, маки мачиме со години!user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
8.1.2010 20:06:24   
EmilijaD
Нова сум на форумов и ова е прва порака. На моето бебуле му се појави егзема на лицето. Сега е 4 месеци и 1 недела одприлика Се спремаше да се разболе (кивање, кашлање) и тогаш се појави но беше многу малку и слабо изразено. Е настинката се појача и истовремено и егземат. Пиеше сируп и од тогаш се стивнува па пак се појачува. Користев еуцерин (црвена) ама не дава некој подолгорочен резултат. Денес земав мустела стелатропиа па да видиме. Иначе еуцеринот почнав и јас да ја користам...ми годи user posted image .

Ове е почеток...ако не се смири мора да се превземе друго нешто сигурно.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
8.1.2010 20:18:45   
Еца
Добредојде Емилија! И јас мака мачам со егземоте на мојата петмесечна керка, круговите не стивнуваат, но од она што истражував, од други искуства дознав дека егземите се хранат од водата и се шират, па така јас почнав моето бебе да го бањам на два или три дена и навистина се смируваат, плус дополнително ми помага и мустела стелатопиата, единствено и го мијам газето, препони, шиичето, и по мишките. Ние чекаме резултати од имунологија да видиме дали ќе покаже алергија на некоја храна или егземата се поради нешто контактно, иако само памучна гардероба носиме.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот EmilijaD)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
8.1.2010 21:56:33   
EmilijaD
Благодарам Еца. Многу ми е нова ситуацијава иако ми е 3-то дете. Другите немале. Интензивно читам и секој ден се информирам за егземата. Бебето веќе подолго време го бањам на 2 дена. Единствено синтетичко му е ќебенцето со кое се покрива а пак тоа воопшто не го допира на лице. Се што носи е памучно, перено, дупло плакнето, пеглано...останува да помислам на храната што ја јадам и на водата.
А нели ако е водата во прашање би се јавиле кругови и на рачињата и ноџињата?

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
8.1.2010 22:00:57   
Еца
па не мора да значи, јас со првото немав проблеми по рацете и нозете, само по лицето, а со ова по цело телоuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот EmilijaD)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
8.1.2010 22:03:09   
Еца
инаку заборавив да ти кажам дека во зима кај поголемата ќерка, егземата беше значително појачана, а во лето лицето и беше чисто и убаво, така да времето дополнително ја влошува егземата

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
8.1.2010 22:09:09   
EmilijaD
Времето, т.е. влажноста на воздухот. Сепак е водата во прашање. А и сега имаме доста влажен воздух.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
11.1.2010 11:47:31   
EmilijaD
Mustela_та мнооооогу ни помага. Од 3-ти ден има видливи резултати. Сакам да ве прашам по колку пати на ден се мачка? Јас според упатството го мачкам 2 пати на ден (сабајле и навечер). Дали можам на повоспалените места почесто да мачкам?

Еца стигнаа резултатите?

(Одговор на членот EmilijaD)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
11.1.2010 11:50:09   
Еца
И јас мачкам наутро и навечер, резултатите се видливи во секој случај, но разочарувачки е фактот што само ја смирува кожата, а не ја лекува, значи има моменти кога сосема ќе се изгубат, а утредента круговите повторно се тука, онака зацрвенети, појачаниuser posted image приметив и при промена на времето посебно.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот EmilijaD)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
11.1.2010 11:54:09   
EmilijaD
Ух, ова не ми беше утеха. Значи да очекувам повторно да се засилат. Во среда прима вакцина па веројатно ќе се засилат пак, ќе се намали имунитетот user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
11.1.2010 12:08:48   
Еца
Емилија не знам дали прочита но поради егземите мене не ми дозволија да се вакцинира со редовните вакцини, туку на имунологија да се вакцинира со ацелуларни вакцини, инаку ги чекаме резултатите, па потоа ке ја вакцинраат.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот EmilijaD)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
11.1.2010 15:59:54   
EmilijaD
Тој дел не го прочитав. Претходниот месец ја немаше егземата и редовно до сега е вакциниран. Ќе видиме во среда што ќе каже др. user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
12.1.2010 21:53:55   
betavitevit
Ние до сега редовно се вакцинираме и покрај егземата-никој не ни казал дека треба посебни вакцини.

(Одговор на членот EmilijaD)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
14.1.2010 20:51:14   
EmilijaD
Mustela-та има многу ефект. Некои флекички дури и под прсти не се осеќаат. Се надевам само со волку ќе поминеме. Ја примивме вакцината вчера и на лицето не приметив никаква реакција. Докторите не ми спомнале ништо, сега на контролата прашав и рекоа дека е добар. А и стварно е добар.

(Одговор на членот betavitevit)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
14.1.2010 20:59:19   
Еца
Па и јас со Мртина имав проблем со егземи, па никој ништо не ми кажа, ги примаше вакцините редовно, ама сега егземите беа баш раширени по нозете, колената, лактовите и затоа не сакаа.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот EmilijaD)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Егзема (атопичен дерматит)
14.1.2010 23:10:43   
betavitevit
Па и ние се миеме со мустела сидент ама негледам некое подобрување.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?