vezilka RR
|
Исти а различни, хехехе. Слични се оти си наликуваат, во ликот, иако малиов е со виткано косе и плаво-зеленкасит очи, а големово со кафеави очи и права коса. Се родија приближно со иста килажа, и приближно исто растат. И двајцата спијеа како бебиња по цела ноќ. И двајцата си се јашни деца, па сум немала проблем со јадење. Големиов етен цицаше и сакаше да цица (мислам дека и сега на 4 ипол ако го прашам дали сака, ќе рече дека сака) а малово се одби уште на 3 месеци. Големово беше, и уште е, ждерач на енергија, сака цело време да биде во центарот на вниманието, како бебе, цело време сакаше во раце и сл. Малово е бубалка, сега за сега, дури не прооде, не не бараше за во раце или нешто да пишти некој да му обрнува внимание. Големиов плаче(ше) во просек по пет пати на ден, малово еднаш на пет дена. Големиов се дигна на нозе на 11 месеци, и тогаш и почна и да лази, а прооде на година ипол. Малово се дигна на нозе на 7 месеци, од 10 веќе патка, и сега на годинка е скоро прооден., а не пролаза воопшто. Никола пак мислам дека збори од кога се роди, дури не се ни сеќавам дека некогаш не знаел да збори, а малово еве уште не збори, не кажува ништо освен случајни слогови. Големиов не беше љубобитно бебе, а малово сака во секое дупче да ѕирне, и се да фати и отвори. Никола не седеше у количка ни за жива глава, а малово си седи. Кога споредувам вака повеќе се различни отколку слични, ама јас имам чувство како да се исти, како одново Никола да го растам.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
|